ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Илинденка – едрилица (made in Macedonia)

Дали Знаете

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

Пишува Гордана Јанакиевска

1950-те години во Скопје била формирана фабрика за воздухоплови во која се изработувале едрилици кои биле меѓу најдобрите во светот. Љубомир Тевчев го основал првото препријатие за воздухоплови под името „20 Мај“ лоцирано во близина на сегашната гимназија „Јосип Броз Тито“.

Кон крајот на 1954, кај Тевчев се создала желба за изградба на врвна едрилица која ќе биде белег на Македонија. За таа цел, побарал од М. Илиќ, да конструира едрилица според насоките кои тој ќе му ги даде. Проектот бил тука, еланот кај вработените веќе бил кренат на високо ниво, а со колективна согласност едрилицата е крстена Илинденка.

Следел пробниот лет на некогашниот аеродром во Скопје во денешната населба Аеродром. На пробниот лет присуствувала и тричлена комисија на Сојузна управа за цивилна воздушна пловидба на СФР Југославија.

„Илинденка“ веднаш добила сертификат и сопствена регистрација. Следело и сериското призводство. Оваа едрилица бргу ја стекнувала својата слава во сите аероклубови во тогашна Југославија. За жал, поради мал број нарачки на едрилици ‘20 Мај’, западнал во финансиска криза. Две ‘илинденки’ денес се наоѓаат во Музејот на воздухопловството во Белград.