НАЈНОВО: Олимписко ЗЛАТО за Бугарија

Спорт

Бугарската каратистка Ивет Горанова денес освои олимписко злато на Олимпијадата во Токио.

Таа стана олимписки првак во турнирот во карате дисциплина кај жени до 55 кг. Во финалето бугарската шампионка со 5:1 поени ја победи Украинката Анжелика Терлуга. Ивет Горанова е дебитант на олимписки игри и има само 21 година.

Од 2008 година до денес Бугарија немала олимписки шампиони. Младата Ивет е првата после толку години, а веќе стана национален херој на Бугарија.