БУГАРСКО – албанска војна за ДАРДАН од „Шкупи“

Балкан, ИСТОРИЈА

Минатиот месец беа откриени историски артефакти во близина на античкиот град Скупи, дел од надгробни плочи, на кои на една од нив беше запишано името Дардан, што според албанските шовинисти било доказ дека Скопје е стара албанска територија, замислете поради фактот што Дарданците били наводно илирско племе, а денешните Албанци биле дури Илири од прво качество!

На тоа жестоко реагираа Бугарите, кои сметаат дека името ДАРДАН Е СТАРО БУГАРСКО ИМЕ КОРИСТЕНО НА БАЛКАНОТ повеќе од 3000 ГОДИНИ.

Името Дардан и Дардана е впишано во списокот на бугарски лични имиња составени од браќата Миладинови, кои исто така биле Бугари според забеганите од Софија.

Бугарите им објавија војна на Албанците, да престанат да ја крадат бугарската историја, бидејќи денес доколку пребарувате на Google, Дарданов има 51000 резултати. Ако го трагираме коренот на ова старо бугарско име, за жал на предците историчари, не потекнува од Азија, туку дирекно од срцето на Бугарија, сметаат експертите од Софија.

Најраната употреба се наоѓа кај нас на Балканот. Дардан е тракиско и тројанско име, алтернативното име на Тројанците е Дардан. Дарданците се тракиско племе за првпат споменато во 14 век п.н.е. Тоа значело дека и Бугарите се антически народ на Балканот, а хан Аспарук му е внук на Тројанскиот крал Пријам.

За да биде лудилото уште поголемо, Албанците сметаат дека се наследници и на Македонци и на Дарданци и на Римјани и на сите народи во јужна Европа, бидејќи сите ние сме биле што друго, ако не Илири.

А сега Бугарите биле Тројанци, кои се преминале од Мала Азија на Балкна по стариот пат од само неколку стотици километри, туку завртиле целосен круг околу Касписко Море, цела Азија и Кина и дошле тука. Едноставно сакале да се прошетаат повеќе илјадници километри.

Дури замислете, египетски хроничар на тоа време спомнувал за сојуз меѓу Дарданците, Мисевите (кои подоцна биле наречени Бугари) и Хетитите со кралот Муватали II во битка со египетскиот фараон Рамзес Велики. Што значи конечно Бугарите станаа и библиски народ, иако никаде ги нема во светите книги!

Во 1 век, Страбон ги спомнал Дарданците дека иако живееле на село, биле весели и живи луѓе кои сакаат песни и танци. Стариот автор додава за овие луѓе дека поседуваат многу музички инструменти, што значи дека биле слични на Циганите или денешните автохтони Бугари во Бугарија.

Бугарите дури сметаат дека дирекно учествувале во војните со Римјаните, преку дарданско-римските војни, и дека биле до толку упорни и борбени што тек дури во доцната антика, во времето на императорот Диоклецијан, балканскиот регион населен со Дарданците (читај Бугарите) конечно бел колонизиран и претворен во римска провинција Дарданија.

За на крај, лудилото се претвора во шизофрение, па Бугарите тврдат дека и покрај вековните инвазии на Бугарите низ Азија, во бугарската ономастика не останале имиња на азиски племиња (демек Аспарух, Кубрат.. се чисто антически), но гледале цврста трага од името на племето на Балканот – Дардани, каде што Бугарите се населувале со милениуми.

После ова, човек може само да започне да се забавува со бугарското и албанското лудило!