БУГАРИН од амбасадата го украл мониторот во БУГАРСКИОТ КЛУБ

Балкан, Хроника

Бугарија реагираше жестоко на информацијата дека, наводно бугаромразачи од Македонија насилно влегле во демек културно-информативен центар на Република бугарија во Скопје, при што одзеле монитор, со што извршиле напад на бугарската држава.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, соопшти Министерство за внатрешни работи (МВР) на Македонија.

На ова веднаш реагираше бугарското Министерство за надворешни работи, а македонската амбасадорка во Софија била повикана во МНР во Софија, каде ѝ било посочено дека овој инцидент „се случува во услови на долготрајна антибугарска кампања во Северна Македонија“.

Со самото соопштение од бугарското МНР ни стана јасно дека станува збор за уште една провокација од бугарската кујна, со цел по секоја цена да го докажат пред домашната и меѓународната јавност тоа „долготрајна антибугарска кампања во Северна Македонија“, што нема врска со реалноста.

Прво измислуваа срушени бугарски споменици, па срушени бугарски гробови, па клубови, па дојдоа до тепани избугарени македончиња, кои ги направија бугарски херои, а јадеа ќотек од бугари со бугарски пасоши, за на крај да останат без ниту еден кандидат за нов инцидент, па мораа со вработени во бугарската амбасада да направат нова провокација.

Замислете, КИЦ на Бугарија на улицата „Македонија“ во Скопје, во центар на градот, обезебдуван од 24часовнен видео надзор, од македонско МВР, кој беше отворен лани на 25 ноември, да биде туку така ограбен, од било кој минувач???

Јасно е дека станува збор за исцениран грабеж од бугарските службеници во Македонија, кои единствено имаат пристап во тој објект, со цел да прикажат дека има нов инцидент во земјава. Друго логично образложение нема!

Кој срам за држава, која се нарекува земја членка на ЕУ!