
ШОК ВО БУГАРИЈА, признаа дека КЛИМЕНТ Охридски бил Македонец
Шок во Бугарија, после споделување на веста дека во времето на царска Бугарија, кога имало вистинска наука, пред да настапи рускиот живковизам и да се фалсификува историјата во Вила Бојана, во нивните официјални научни книги и учебници се учело дека Свети Климент Охридски бил Македонец од Македонија.
Бугарско признание за сесловенскиот учител и просветител Свети Климент кој бил родум од Македонија од истиот род со Светите Браќа Кирил и Методиј било објавено уште во 1915 година кај авторот Д.Т. Ласковъ, „Живот и дейность на Св. Климентъ охридски“, София, 1915, стр. 6.
Изданието било објавено со пари на БПЦ – Синод на Бугарската православна црква, што дава дополнителна тежина на самиот доказ.
Во јавност се повеќе излегува историската вистина, а шокот од истото е се поголем во Бугарија, каде генерации се воспитувани и учени на погрешен начин од страна на руската пропаганда преку живковистичката наука.