НАЈНОВО: АХМЕТИ ПРВ на листата на американскиот ТИМ за антикорупција

Хроника

Аферата Маџар Телеком во која главно осомничени се Али Ахмети, Муса Џафери и Владо Бучковски ќе биде школски пример за постапување по предмети за висока корупција, дознаваме од дипломатски извори од Скопје.

Предметот го води американското ФБИ, а процесот пред судот во Њу Јорк веќе доби разврска. Сопственикот на Маџар Телеком, Дојче Телеком како учесник на Њујоршката берза е веќе казнет за корумпирање на странски функционери во Македонија и Црна Гора, а менаџерите на компанијата осудени на затвор и парични казни.

Сведок во процесот во Њу Јорк беше поранешниот директор на државна безбедност, Слободан Богоевски, кој после сведочењето се соочи со тужби за клевета во Македонија. Тужители се двајца осомничени функционери на ДУИ за примање на мито од Маџар Телеком, Али Ахмети и Муса Џафери, а додека поранешниот премиер Владо Бучковски се одлучи да молчи.

Додека во Црна Гора веќе се осудени политичарите кои примиле мито, вклучени во судскиот предмет во САД, во Македонија ништо ново. Нема осуда за примачите на митото, а осудени се давателите на истото на суд во САД, а тука се води само селективен предмет против локалните дитектори на Маџар Телеком.

Судењето против поранешните генерален и финансиски директори на Македонски Телеком Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, познат како “Маџар Телеком” се одложува рекордни број на рочишта и трае со години.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од ОЈО, а во неколку наврати се сослушани и сведоци од ДУИ, меѓу кои и сведокот Џемали Мехази. Еден од сведоците функционери од ДУИ, бил застрелан во неговиот дом, а никој не води истрага за тоа. Сведокот покасно починал наводно од друга болест.

Покрај сведоците Слободан Богоевски и Борче Давитковски, Стефановска, информираше дека за сведокот Џемали Мехази има некои дополнителни прашања, кои се однесуваат на протоколи за соработка потпишани меѓу македонската влада и Македонски телеком. Мехази е потписник на овие протоколи во својство на министер за транспорт и врски.

Како што дознава МКДенес, во предметот е сокриено едно лице, дел од директорите на Телеком, а кое покасно станува премиер на Македонија. Сеуште не е јасно дали истрагата ќе се прошири и на тоа лице, со оглед на најавата на американската амбасадорка Агелер дека во фокус на амриканскиот тим за истраги ќе бидат сомневања за корупција на актуелни високи функционери.

Ова е единствен случај каде суд во САД утврдил корупција и донел правосилни пресуди за носителите на одговорност во компанијата која платила високи функционери во Македонија, а во земјава нема прогон за примателите на митото.

„Како што претходно имам изјавено, јас не сум бил дел од влада кога е срочен овој документ, туку само кога сум требал да го потпишам протоколот за соработка во својство на ресорен министер за транспорт и врски. Бидејќи овој документ не го имав на увид кога реков дека не се сеќавам, но сега го видов, тогаш ми беше кажано дека треба да го потпишам бидејќи како Влада сме акционери во тогашниот Македонски Телеком“, тогаш изјави министерот од ДУИ Мехази, во врска со документот со кој се овозможи дополнителен монопол на телекомуникацискиот пазар во Македонија на Маџар Телеком.

Во стилот на ДУИ, министерот прашан дали е потписот негов и дали е тој протоколот што го потпишал, сведокот рече дека поминало многу време и не се сеќава на содржината, а потписот треба да е негов.

„Долго време е поминато и колку што се сеќавам од содржината сум го прочитал и треба да е потписот мој, меѓутоа не знам ни кога сум го потпишал, ниту каде е истиот чуван“, изјави сведокот.

Обвинителката Стефановска го праша сведокот дали знае дека подоцна врз основа на овој протокол биле исплатени 7, 5 милиони евра во 2006 година, како и на пријателите од Тетово А. А. и М. Џ..

„За вакви чекори првпат слушам. Никогаш немам слушнато дека постои таков договор, ниту дека е преговарано за такво нешто“, рече сведокот.

Во меѓувреме, Врховниот Суд на Македонија го ослободил сведокот Слободан Богоевски од обвинението за клевета пред Судот во САД за Ахмети и Џафери. Со тоа Врховен ја потврди веродостојноста на Богоески, со што дирекно го покренува прашањето за одговорноста за примање на мито од тројцата највисоки државни функционери, Бучковски, Џафери и Ахмети.

Американскиот тим за антикорупција во Македонија ќе има лесна работа со овој веќе затворен предмет во САД и докажан криминал и корупција на највисоко ниво.