ЕУ се лигави, Холандија размислува кој пат да го фати со Македонија

Македонија, Хроника

Откако Американците испратија јасен поздрав до ДУИ и албанскиот етно шовинизам, а во врска со масовната партизација на судството, со свои ставови излегоа делегацијата на ЕУ во Македонија и водечката Холандска амбасада.

На истото прашање во врска назначувањето на Абази за партиски обвинител за организирање на криминал и корупција, во реакцијата од холандската Амбасада во земјава, се вели дека „за Холандија, владеењето на правото е од огромно значење и внимателно ги следиме сите случувања во правосудниот сектор во Северна Македонија“.

-Во февруари 2020 година, во последен момент, пред парламентот да се самораспушти на подолг период, со закон овозможи гонење на случаите на корупција на високо ниво што беа под СЈО. Овој поединечен настан ѝ овозможи на Холандија да се согласи да започне процедура за пристапување во ЕУ за Северна Македонија во март 2020 година.

Затоа, работата на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и како тоа постапува со сите случаи на организиран криминал и корупција на високо ниво ќе продолжи да биде под лупа од Холандија“, одговорија од Амбасадата на Кралството Холандија на прашањата на „360 степени“.

Од Делегацијата на ЕУ во земјава, пак, на истото прашање на редакцијата нагласуваат дека „очекуваат новиот шеф на ОЈО за ГОКК да работи посветено и во дух на независност и дека борбата против корупцијата ќе биде под детален надзор на ЕУ“.

Со ова ЕУ покажа дека нема основен капацитет да се спротистави на поведението на криминалците во Македонија, а со тоа и да го забрза процесот на проширување на Унијата во овој дел од Европа.