Апасиев, Богојески и Мицкоски за БУГАРИТЕ во Устав

Политика

Кој што изјавил и која политика ја застапува во врска со акцијата на власта за ставање на Бугарите во Устав на Македонија?

Правиме анализа на три политички лидери кои во моментов се јавно против таков процес во земјава. Апасиев од Левица, Богојески од МКонцепт и Мицкоски од ВДПМНЕ.

Апасиев: Ние прифаќаме внес на Бугари во Устав, кога Македонците ќе влезат во бугарски Устав.

Ако се знае дека Бугарија има граѓански Устав, во него нема етнички заедници, овој став значи дека Бугарија никогаш нема да отстапи од патот на Македонија кон ЕУ, а ќе биде победник како Грција на сам крај.

Богојески: Бугари во македонски Устав ќе влезат никогаш, па ниту тогаш! Тоа е спротивно на нашата партиска идеологија за граѓанска Република и со тоа целосно неприфатливо. Само граѓански Устав без етнички заедници е решение на спорот со Бугарија.

Ова значи дека Македонија ќе влезе во ЕУ со нов граѓански Устав, без да се исполнат желбите на Бугарија и таа ќе биде на крај поразена, а Македонците победници.

Мицкоски: Доколку имаме гаранции од ЕУ дека ова е последно барање, ние прифаќаме Бугари во Устав.

Ова значи дека Мицкоски остава отворена врата за пазар со зајковизмот, за партиски и лични потреби, без идеолошки и вредносен став по бугарското прашање. Тоа значи дека Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ, доколку се исполнуваат бугарските желби.

Што мислите, кој е во право? Чиј став е најдобар?