ЗЕЛЕНА ЛУПА го разоткрива прогонот на власта кон опозиционерот Богојески

Македонија, Хроника

Во јавноста се отвори скандал на прогон на хибридниот режим на заевизмот кон опозицискиот активист Петар Богојески, кој траел со години, но по неуспехот да биде скршен и да потпадне под нивна владина контрола, тие режираат случај и во име на судот донесуваат отказ на работно место.

Богојески според најавите, нема да се повлече од опозициски активизам и од борбата за симнување на хибридниот режим на заевизмот од власт, се до воспоставување на целосна слобода и демократија во земјава, како што тој изјавува.

Кредибилната организација која се бори за правично судење и заштита на граѓаните од нефункционалната правда во земјава, ЗЕЛЕНА ЛУПА, констатира скандалозно однесување на владини функционери кон Богојески.

Во нивното соопштение се вели:

„Поради се почести појави на мобинг и дискриминација врз вработени лица Зелена лупа ке ги објавува добиените поплаки од оштетените.

Почитувани,

Зелена Лупа внимателно ја следи постапката за утврдување на дисциплинска одговорност на државен службеник Петар Богојески, која е завршена во прв степен и изречена е мерка – отказ од работно место, со донесено Решение бр. 03-1420/14 од 01.04.2022 година.

Покрај можноста за жалбена постапка согласно Закон за административни службеници, од наша страна се утврдени низа пропусти и злоупотреби кои укажуваат на јасен случај на мобинг на работно место со цел да се принуди државниот службеник Петар Богојески да поднесе отказ од истото.

По неговото јавно спротиставување, спроведена е постапка со која е направена дискриминација по основ на политички убедувања, со која е исполнета целта на мобингот, односно е даден отказ од работно место.

Станува збор за постапка за дисциплинска одговорност по основ на изнесен став во јавност или познатиот „вербален деликт“ кој треба да е минато во нашата држава. Доколку не се согледаат фактите и оваа постапка продолжи и во втор степен, напоменуваме дека државата ќе биде изложена да исплаќа оштети кон лицето Петар Богојески, врз основа на пресуди на домашни или меѓународни судови.

Нашето искуство со меѓународните судови покажува дека за вакви предмети, РСМ плаќа сериозни надохнади, со што дирекно се оштетува Буџетот на државата поради несовесно работење на државните функционери, кои од лични хирови или политички мотивирани процеси, донесуваат вакви решенија.

Во секој случај, второстепениот орган за одлучување при Агенција за административни службеници треба да ги има во предвид сите наведени основи од Европската Конвенција за човекови права, особено член 6 за спроведување на фер постапки, без политичко и друг вид на влијание врз истите, што не е случај во овој предмет со државниот советник Петар Богојески. Потоа членот 10 од Европската конвенција за човекови права кој ја гарантира слободата на изразување, и според кој секој поединец има право слободно да ги изрази и пренесе сопствените размислувања и идеи, без притоа да биде ограничен во тоа, а ова е еклатантен пример за воспоставување на „цензура“ врз ставови на политичка организација или политички активист.

Конечно, Конвенцијата исто така забранува дискриминација по бил кој основ, вклучително и врз основ на политичко убедување, така што во конкретниот случај е исто така повреден и членот 14 од Конвенцијата, кој забранува дискриминација при ползување на правата загарантирани со Конвенцијата и член 16 каде е злоупотребена политичката моќ и службена положба и овластување на државен функционер, преку спречување на ефективни правни средства за одбрана во прв степен, односно суспендирани се надлежности на граѓански Суд и неприфатени забелешки на бранителот на Богојески за сооучување на сведоци со обвинет и обвинител – поднесувач на предлог и изнесување на докази.

Ова од причина што РСМ ја има ратификувано конвенцијата согласно Уставот, па според тоа, како меѓународен извор на правото, истата е директно применлива во нашиот правен систем.

Нашиот мониторинг врз предметниот случај ги утврди следните факти:

Странките кои поднеле претставка / иницијатива за утврдување на одговорност на државен службеник Петар Богојески, се жалеле на навреда и клевета изнесена на нивна сметка, преку социјална мрежа фејзбук, со споделување на вест од медиум.

Државниот орган – Министерство за одбрана, одговорното лице во МО бил должен да им укаже на странките дека единствено надлежен за овие прашања, односно за прашањето дали е сторена некаква навреда или клевета од страна на политичарот Петар Богојески одлучува единствено Судот во парнична постапка, согласно закон и по поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за навреда и клевета, Законот за граѓанска одговорност (Сл.весник на РСМ, бр. 143/2021).

Од законските одредби, јасно и недвосмислено произлегува дека за дејствијата кои му се ставаат на товар на државниот службеник Богојески, може евентуално да се одговара во соодветна постапка пред Суд, а не во постапка пред Дисциплинска Комисија за сторен дисциплински престап. Одговорното лице во МО ги преминал службените овластувања и спротивно на Закон за административни службеници се ставил во улога на граѓански Суд, извршна власт преземала овластувања од судска власт и спровел недозволена постапка за утврдување на клевета и навреда со што бил прекршен Кодексот на државни службеници. Таква постапка би можела да се спроведе после евентуално донесена пресуда од граѓански Суд, со која би се утврдила одговорност за службеникот Богојески, но никако во улога на Суд да се донесува такво решение.

Подносителите на иницијативите / претставките по увидување дека е направен пропуст во насока на утврдување на одговорност за навреда и клевета, а дека истите требало да поднесат Тужба пред граѓански Суд, и после промена на причините за поднесување на истите, ГИ ПОВЛЕКЛЕ иницијативите / преставките во два наврати со вкупно четири акти и побарале да престанат сите постапки против државниот советник Петар Богојески.

На тоа, одговорното лице во МО било должно да донесе Решение за престанок на дисциплинска постапка, согласно Закон и Правилник. Тоа е исто како во судска постапка да биде повлечена Тужбата на странката, Судот е обврзан да престане парницата, а не да продолжи со истата на свое видување. Одговорното лице ја злоупотребил по втор пат службената положба и овластување и одбил да ја прекине постапката, иако на истото му било укажано во повеќе наврати.

Имено, во член 77 став (1) од ЗАС пропишана е Иницијативата, а во конкретниов случај, НЕМА ИНИЦИЈАТИВА за покренување на дисциплинска постапка со ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ, од причини што поплаката или претставка била навремено повлечена со четири акти од пријавителот.

И во случај да постои постапка за утврдување на клевета или навреда, врз основа на лична перцепција кон политичките ставови на политичка организација и на политичарот Петар Богојески, тоа нема ништо со професионалниот ангажман во МО или со самото МО, а за таква постапка надлежен е граѓанскиот суд во Скопје.

Оваа дисциплинска постапка не само што не е дозволена, туку е несоодветно водена, без ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИНИЦИЈАТИВА за истата, со ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ, по која би се произнел државниот службеник на кого се однесуваат забелешките во работењето, кои не постојат во случајов, па да се цени дали се исполнети условите за поведување на постапка и донесување на ПРЕДЛОГ од страна на раководен службеник.

Тука не станува збор за било која повреда или неизвршување на работите и работните задачи од работното место, туку за ставови на политичка организација во која свој приватен личен, политички активизам има политичарот Петар Богојески, надвор од работно време и работно место, без никакви допирни точки со предметот на работа во Министерството за одбрана!

Согласно истото, одговорното лице во МО ниту имал Иницијатива, ниту имал основ – Образложение и не смеел да донесе, а по повлекувањето задолжително морал да го повлече Предогот за покренување на дисциплинска постапка за сторен дисциплински престап, согласно одредбите на законските и подзаконски акти.

Согласно член 73, став 1 од ЗАС, дисциплински престап претставува потешка повреда на службена должност, работна дисциплина, угледот на институцијата или угледот на административниот службеник. Политичкиот активизам на Богојески е законски дозволен за државни службеници, и нема никакви допирни точки со неговите професионални ангажмани во МО, особено што станува збор за цивилно, а не за воено лице во одбраната, со што не се применуваат одредби за забрана на политички активизам за припадници на АРМ и МО.

Во ваков случај на политички активизам, кој на никаков начин не е поврзан со предметот на професионалниот ангажман на административен службеник, НЕ СЕ ПРИМЕНУВА Кодекстот за административни службеници, односно за тоа е надлежен исклучително Граѓанскиот суд, во случај на било каков спор за навреда или клевета.

Спротивно на член 77 став (4), Одговорното лице во МО без Иницијатива и основ донел Предлог за покренување на дисциплинска постапка за сторен дисциплински престап од страна на административен службеник бр. 03-6643/3 од 30.11.2021 година, но во истиот поради личен анимозитет и омраза кон Богојески, како припадници на две различни политички опции, на недозволив и сугестивен начин сугерира и им наложува и однапред ги наведува членовите на Комисијата да констатираат дисциплинска одговорност кај административниот службеник Богојески и да се утврдат мерки против него, со што извршил прекршок / притисок врз слободата на убедување и одлучување на самата Комисија. На тој начин тој не оставил простор да не биде констатирана дисциплинска одговорност кај Богојески.

Ова има значење поради фактот што државниот секретар настапува од место на повисока политичка и државна позиција, особено што истиот е политички активист на друга политичка организација, која е конкурентна со таа на Богојески.

Истото се воочува од личните притисоци кои државниот секретар ги правел кон членовите на Комисијата и ги инструирал како да се изјаснат и каква одлука да донесат. Притисоците биле до тој степен големи, што некои од членовите биле во дилема како да гласаат, па гласањето било повторено, се додека не се донела одлука за мерка – отказ од работно место по желба на политичкиот функционер.

Согласно член 76 став 1, во Решението за формирање на Комисија за водење на дисциплинска постапка, ЗАДОЛЖИТЕЛНО се содржат причините за поведување на постапката. Одговорното лице во МО донесувајќи решение спротивно на законските одредби, ја довел во заблуда Комисијата и не ги истакнал горенаведените факти, докази и причини, особено фактот што истата не може да постапува без законски основ!

Согласно член 40 став 1 и 2 од Закон за вработени во јавен сектор, вработените во јавниот сектор се лично одговорни само за вршењето на работите и на работните задачи од работното место. Одговорноста на тие вработени може да биде дисциплинска и / или материјална.

Согласно истото, во конкретниот случај не може да станува збор за лична дисциплинска одговорност на вработениот Петар Богојески, бидејќи не постои повреда при вршење на работите и на работните задачи од работното место. Тенденциозноста во овој предмет е констатирана и од самата Комисија за дисциплинска постака, која донела одлука на 30.03.2022 година, а записничарот го изготвувал записникот од расправата следните денови. На ден 05.04.2022 година е направен обид Записнокот да се достави и потпише од страна на адвокатот и од самиот службеник Богојески. На 06.04.2022 година Богојески е известен дека одговорното лице сеуште не го потпишал Решението бидејќи нема основ за донесување на ваква одлука и е свесен дека прави злоупотреба на службена положба и овластување, врши мобинг и дискриминација врз службеникот Богојески, спротивно на Закон.

На 14.04.2022 година, Богојески го прима Решението за изречена мерка, но истото е АНТИДАТИРАНО од 01.04.2022 година, вклучително и самиот Предлог за изрекување на мерка од 31.03.2022 година, денови кога не постоел ниту записник, а не пак Решение за мерката.

Ова е еклатантен доказ за незаконско работење на МО, повреда на Закон за архивско работење, злоупотреба на службена положба и овластување, што е основ и за кривична постапка против лицето Драган Николиќ.

Зелена Лупа од своја страна повикува на итно прекинување на сите дејствија на мобинг и дискриминација на политичка основа кон граѓанинот Петар Богојески, особено поради фактот што тој е изложен на таков вид на притисоци со години наназад, кои продолжуваат во континуитет и ескалираат со отказ на работно место од причини на сторен вербален деликт и различни политички убедувања.

Го повикуваме Државниот управен инспекторат, Народниот правобранител и Државната комисија за дискриминација да преземе мерки во итна постапка, како би биле запрени сите незаконски и дискриминирачки дејствија против граѓанинот Петар Богојески, особено пред донесување на одлука на второстепен орган и да биде поништена оваа противзаконска постапка.