
ПОЕНТА НА ДЕНОТ за паничните Македонци
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
ПАНИКАТА секогаш е непријател кон тој кој ја поседува, а не кон причинителот.
Тоа е и целта на причинителите, да не држат Македонците во состојба на постојана паника.
Така не навлекуваат да направиме грешки, кои потоа скапо ги плаќаме.
Во една таква ПАНИКА, ние го дадовме името за НИШТО!
Сега повторно не внесуваат во ПАНИКА, да го дадеме и презимето за НИШТО!
Полека Македонци, што сте се испаничиле, за каде се брзате, што толку ве плаши?
Застанете здраво на нозе, цврсто газете на земја, без паника ве молам!
За се има решение, па и за нашето МАКЕДОНСКО ПРАШАЊЕ.
Ако сакаме да го решиме во наша корист, тогаш без паника, само мудро и добро осмислено!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!