Ковачевски ГО ОТКРИ „РЕШЕНИЕТО“!

Балкан

До решение со Република Бугарија може само ако ниту една од двете страни не прави чекор назад. Ова во обраќање до граѓаните вечерва го порача премиерот Димитар Ковачевски.

„Република Северна Македонија е суверена држава и имаме должност да го чуваме нашето достоинство. Имаме стратешка цел за влез во ЕУ, но достоинствено со својата национална гордост и посебност.

Верувам дека треба да продолжиме и да работиме на зајакнување на дијалогот и унаредување на односите меѓу двата народи до конечно решавање на спорот. Но, за тоа да биде успешно, ниедна од страните не смее да прави чекори назад.

Не смееме да дозволиме постојано враќање кон минатото и потези кои значат еднодневна политичка корист, а долгорочна штета на кревките односи кои ги градиме. “ вели премиерот Ковачевски во обраќањето.

„Македонскиот народ е определен за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства како граѓани ја загрозуваат таа определба, додава Ковачевски.