
ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И ЖОЛТИТЕ ЛЕНТИ
ЖОЛТИ ЛЕНТИ „ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОН“
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
ОВИЕ сегашниве кои направија „РЕВОЛУЦИЈА“ и што немаше да бидат како ОНИЕ претходните „ЈА ЗЕДОА ВЛАСТА ВО СВОИ РАЦЕ“ и удрија по граѓаните.
Откако замина Зоки на заслужен одмор, си ги покажаа роговите, а на пакосот му нема крај. Беа повнимателни додека Зоки и дружината се пазареа за државните интереси но сега веќе нема што да чекаат. Време е да си го покажат вистинското лице.
Поскапувањето на животот мудро го презентираат како резултат на светска економска криза наспроти вистината за нивната некадарност за справување со истата. Око не им трепнува. Тие битно владеат! Но како и на кого не им е многу битно. Од своите привилегии никако немаат намера да се откажат. Возните паркови, богатите репрезентации и месечни набавки за „непречено функционирање“ на институциите си „течат“ без проблем.
УЈП лукаво се обидува да си го врати претходниот имиџ па се обидува да ги заплашува трговците, да им прети на стопанствениците за да на крај ги осиромашува граѓаните.
Не им е важно дека маркетите кои денес „ги тресат“ се едни од оние во кои повеќето граѓани можат да си дозволат да влезат, бидејќи тие им се единствена можност да се прехранат.
Во определени општини УЈП неможе сеуште да воведе фискални сметки, ЕВН не смее да наплати за електрична енергија а МВР не смее да помисли да испрати патрола. И сето тоа на штета на чесните граѓани за кои важи фискализацијата, кои не смеат да помислат да не подмират сметка за електрична енергија и секако глоба на МВР за сторен прекршок на износи кои ќе ги покријат и оние што не плаќаат.
Е кога сето ова претходно ќе го платат со своите скромни примања им се стеснува изборот за „шопинг“ од понуденото на пазарот. Но и таму му ставија „жолти“ленти и тоа ќе им го скратат, секако „во согласност со закон“.
На пензионерите им скратија 5000 за да им дадат 3000 на оние кои ќе дочекаат да ги добијат, а со разликата од 2000 платија реклами за да се пофалат дека многу им е грижа за нив. Во меѓувреме им ги зголемија месечните расходи за трипати повеќе. Им „тече“ памет! Лудило!
Правдата не ја ни спомнуваат веќе, не им е битна. Криминалци речиси и да не постојат и „се е во согласност со Уставот и законите“ ! Тоа е реченицата која секој функционер ја повторува на било кое поставено прашање од гаѓаните. Се разбира, премиерот почесто.
Во согласност со Уставот ја распродадоа државата, а согласно законите ги уништуваат граѓаните!