ФАШИСТИЧКОТО СДСМ го покажа вистинското лице

АНАЛИЗА

Владата на СДСМ и покрај донесениот заклучок да го повлече Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од собраниската постапка и на усвојување пред пратениците да го достави новиот текст на предлог-законот во кој во членот 6 е избришана формулацијата „негативно мислење“, сепак си остана на својата фашистичка определба да ги замолчи граѓаните и новинарите.

Насоките на ЕУ во областа се воопшто да не постои дело – навреда, да остане само клевета, но СДСМ тргнувајќи од своето мрално минато на тоталитаризам, се обидува да го воскресне режимот со кој долги години управуваше со земјава.

Со измена на членот 6 од предложениот закон гласи: „За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед“, соопшти владината прес-служба.

Тоа значи дека СДСМ го враќа „вербалниот деликт“ од времето на едноумието, ќе казнува за мислење.

Министерството за правда под притисок на јавноста го тргна од текстот на законот терминот негативно мислење, но фашистите од СДСМ го оставија само мислење. Замислете, во ЕУ ќе не внеселе фашисти кои ќе казнуваат граѓани и новинари за мислење.

Медиумите ги побара измените коишто ги направило Министерството за правда и кои владата ги усвои и ги доставило како нов предлог текст во Собрание.

Предлог текстот на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, што беше предмет на реакции од јавноста, во членот 6 став 1 стоеше: За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување или на дру начин ќе изрази омаловажувачко понижувачко или негативно мислење.

Овој предлог текст на Законот е повлечен од собраниска процедура и Владата достави нов предлог текст. Сега во членот 6 став 1 се вели: За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед, објаснуваат од Министерството за правда за Фокус.

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавуваат дека со овие измени буквално пред суд се доведува за мислење.

Првичната верзија на текстот од министерството на Тупанчевски имаше вградено формула да се суди за „негативно мислење“. Да, под притисок на јавноста, владата вели ќе биде амандмански интервенирано. Но, како? Со замена на „Негативно мислење“ со „омаловажувачко и понижувачко мислење“! Одговорот од Правда е безмалку смешен. Видете, освен што се синоними „омаловажувачко“ и „понижувачко“, сепак, тука имаат само улога на придавка. Објектот за кој може да се заврши на суд е МИСЛЕЊЕ! Ќе се суди за мислење, за изразување на мислење!

Фашизоидното поведение на СДСМ ги надминува и највисоките очекувања на сите аналитичари, кои предвидуваа дека таа партија има капацитет повторно да се врати на старото однесување. Во историјата е познато дека за МИСЛЕЊЕ казнувале Пиноче, Хитлер, Сталин и Ленин, Франко, Мусолини и сега Таче. Дури и Тодор Живков во Бугарија не казнувал за истото.

Покрај препораките на ЕУ, да се тргне цензурата во земјава и да се овозможи развој на демократијата, СДСМ упорно продолжува со својата определба за едноумие и воспоставување на комуњарски режим во земјава. Секако тоа ќе заврши трагично по таа партија и нејзините челници, а следниот опозициски стаж ќе им биде минимум 50 години.

ФАШИСТИЧКОТО СДСМ го покажа вистинското лице, изјавуваат граѓаните, кои сакаат да останат анонимни поради страв од режимот на власта.

Вакви закани и уцени до сега не се забележани во земјава, изјавува вработен во јавно претпријатие, кој се плаши да даде изјава поради стравот дека ќе остане без работа доколку искаже негативно мислење на шефовите од СДСМ.

Не оставија без леб, а сега ни забрануваат и да плачеме, изјавува пензионер, кој е похрабар и најави интервју за МКДенес.

Извор: Фокус