ВО МОМЕНТОВ Русите бегаат од Украина, дали започнува војната

Европа

Русија ги повлекува вработените во своите дипломатски мисии во Украина. Тоа се објаснува како страв од провокации од украинските власти или од трети земји, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Во стил на болшевички цинизам, таа коментираше дека со оглед на значителното влијание што Вашингтон и Лондон го имаат врз Киев… заклучуваме дека нашите американски и британски колеги очигледно се свесни дека во Украина се подготвуваат одредени дејствија што би можеле значително да ја комплицираат безбедносната ситуација, рече Захарова.

Многу западни амбасади презедоа слични мерки, а некои земји, вклучувајќи ги САД, Канада и Австралија, ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина што е можно поскоро.

САД вчера предупредија дека во следните неколку дена е можна руска инвазија врз Украина, а „Политико“ пренесе дека американскиот претседател Џо Бајден, сношти, на виртуелната средба со своите западни колеги дури и прогнозирал дека тоа ќе се случи на 16 февруари.