
Македонец фатен со дрога на граница
Речиси 167 килограми канабис и еден пиштол открила грчката полиција.
Во товарен камион на автопатот од Евзони кон Солун и го уапсила возачот. Според извори станува збор за 37-годишен државјанин на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
При контрола на возилото, со помош на полицајци од тимот за од тимот за спречување и сузбивање на криминал и куче за откривање дрога од Царинската служба Евзони. Беа пронајдени, добро скриени под подот на возилото 92 пакувања канабис со тежина од 166 килограми и 862 грама.
Исто така, во едно од пакувањата беше откриен пиштол со два полначи и осум куршуми. Кои беа запленети, соопштија од грчката полиција и додаваат дека запленети се и камионот и трите мобилни телефони на возачот.