Шилегов : „Рекорд“ да стане пешачка зона

Македонија, Политика

Најфреквентната улица „Рекорд“ ќе биде затворена за сообраќај и ќе биде дозволено движење само на возила од јавниот превоз.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вели дека се уште се прават анализи и студии за тоа како ќе изгледа пешачката зона на Рекорд. Се работи за улицата Димитрије Чуповски позната како Рекорд како дел од улица 11 Октомври која поминува пред Собрание.

„Јас кажав пред повеќе од две години дека амбициите на Градот и тоа што всушност претставува градско јадро во сите современи европски метрополи ќе личи и во нашиот град. Тоа што треба да го знаеме е дека ќе оди паралелно со имплементацијата на басрапид транзитот, односно во тој момент кога ќе се изведе и ќе се преструктуира таа улица од сообраќајница во пешачка зона и е нешто што како стандард постои насекаде во светот“

, вели Шилегов.