
ЛИPATA cе „тoпи“, тypcките пpoизводи cе кyпуваат зa „ништo“ по светот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обид да се спаси себе си и неговата владеачка гарнитура организираше специјална прес конференција на која изјави дека вкупниот извоз на Турција во 2021 година се зголемил за 32,9 отсто во однос на претходната година и дека достигнал рекордни 225,36 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија, а не им соопшти на граѓаните дека е купена турска стока за странство по рекордно ниска вредност, со што целосно е обезвреднето турското стопанство.
Ердоган зборуваше на прес-конференцијата во Истанбул, на која ги сподели најновите податоци за „успесите на неговата власт во областа на трговијата“. Тоа е крајно малициозно и нечесно кон својот народ, коментираат аналитичарите од Турција.
Тој го сподели податокот дека обемот на трговската размена во 2002 година изнесувал 87,6 милијарди долари, додека во 2021 година, за помалку од 20 години, се зголемил на 496,7 милијарди долари, а не соопштува дека обемот на продадена стока, доколку не девалвираше лирата, ќе донесеше дупло повисоки приходи. Тој продаде огромна количина на турски производи за „ништо“, а девизните приливи не ја спасија турската лира, туку обратно, таа дополнително потона.
Ердоган истакна дека на полето на извозот се остварени рекордни цифри. „Вкупниот извоз на Турција во 2021 година се зголеми за 32,9 отсто во однос на претходната година и достигна 225,36 милијарди долари. Ова е рекорд“, изјави Ердоган и додаде:
„Надворешнотрговскиот дефицит е намален за 7,8 отсто во однос на годината претходно и изнесува 45,9 милијарди долари, додека покриеноста на увозот со извоз е зголемена на 83,1 отсто.“
Манипулациите со јавноста во Турција се намерни, со цел да се покрие вистината за обезвреднувањето на турската економија од повеќе од 60%. Ердоган не кажа дека турските производи се купуваат во странство како „алва“, токму поради нивната обезвреднетост, односно нивната дампинг цена по која се нудат.
Ердоган нагласи исто така дека од октомври 2021 година турската економија отворила два милиони додатни работни места во однос на периодот пред пандемијата. Но тој не извести дека тие места се отворени со цел да се произведат енормни количини на производи со цел да се задржи нискиот обрт на турските компании од пред неколку години, при дупло понуска вредност на истите. Односно, Турците мора да работат дупло повеќе за истите пари и заработка. Таква манипулација кон своите граѓани безмалку е нечесна.
„Постигнавме најголема извозна вредност во историјата на Републиката во групата производи од 75 поглавја што ги извезуваме“, додаде Ердоган, додавајќи дека извозната цел на неговата земја за 2022 година е ревидирана на 250 милијарди долари. Ова е срамна изјава коментираат екононмските и трговски експерти од Турција.
Според Ердоган, Турција го зголемила извозот за 86,6 отсто во Јужна Америка, за 29 отсто во европските земји кои не се членки на ЕУ, 22,6 отсто кон Блискиот Исток и за 44,8 отсто во Северна Африка. Самото тоа покажува дека станува збор за „лом производство“ на ниско квалитетна роба, која се купува по третите пазари во најсиромашните земји во светот. Со тоа Турција го изгуби реномето за квалитет на производите, падна на пониско ниво од Кина, а никој сериозен купувач во богатите земји тоа турско ѓубре не го увезува. Можеби тоа е и најголемата загуба на турската економија во светски рамки од оваа криза, реномето на сериозен партнер, на кој веќе никој не верува.
„Во моментов се натпреваруваме со светот. Ние сме во трка на глобално ниво. Соборивме извозни рекорди во 11 од последните 12 месеци“, рече Ердоган и остана жив. Се смеат сите сериозни еконимски познавачи низ цел свет. Вакво обезвреднување на домашната економија до сега никој не направил.
Тој, исто така, нагласи дека од ден на ден се зголемува бројот на земји што соработуваат во турски лири. „Нашите пари се многу важни“, истакна Ердоган. Ова е срамно потценување на интелигенцијата на турскиот народ, неговите лири не вредат „пет пари“, ништо не може да купат со своите лири, а Ердоган им кажува дека биле многу важни во светот.
Што е следно, Северна Кореја во Турција? Жално за турската Република, која беше најпочитувана низ светот и во Европа.