РУСИЈА се жали, каде влегува НАТО

Свет

САД ги игнорираат предупредувањата на Москва, а воената инфраструктура на НАТО се приближува што е можно повеќе до Русија, се жали рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Според него, токму тоа е причината што претседателот на Русија, Владимир Путин, молел за долгорочни и законски гаранции за безбедноста од Алијансата. Русија се плаши од НАТО и можноста за брза интервенција на сите граници на Русија. Путин молеше за разговор со Бајден и за гаранции за безбедноста на Русија.

Рускиот заменик министер се жали на нездрава ситуација во руско-американските односи и дека Вашингтон создава токсична атмосфера. Тој додаде дека американската администрација продолжува со отвореното непријателство, не престанува со примена на санкции и неосновани обвинувања против Русија. Тоа значи дека режимот на Путин е на колена и моли за спогодба.

Според него, сето тоа создава многу токсична атмосфера во руско-американските односи и го спречува воспоставувањето на мирен и професионален дијалог. Русија моли на дијалог и на договор, со кој тие ќе се повлечат од намерите за окупација на Украина и ќе прифатат услови за влез на НАТО, само да имаат гаранции за нивната безбедност.