Битола ќе има над 100 мртви дневно од КОСОВСКИОТ ЈАГЛЕН?!

Македонија

Функционери од власта од албанскиот блок преговараат за набавка на 3 милиони тони неквалитетен  јаглен од Косово!

 

Веќе се регистрираат  нови фирми основани од косовски државјани кои се спремаат за посредување на оваа набавка. Со овој јаглен  ќе се емитуваат шест и повеќе пати повеќе сулфур диоксид отколку што е дозволено.

Емисиите на прашина (ПМ честички) исто така остануваат сериозен проблем, односно двојно повисоко од тоа што е дозволено за земјата. И до сега РЕК Битола е меѓу поопасните по здравјето на луѓето во регионот. Со вакви емисии на прашина  доведени надвор од  законските граници,  би можеле да се доведат до  стотици предвремени смртни случаи од рак, респираторни и кардиоваскуларни заболувања.

Експертите велат дека забележани се 6.290 денови на симптоми на астма кај астматични деца во 2020/21 година и 594 случаи на бронхитис кај деца во 2020/21 година. Вкупно 74.349 работни денови беа изгубени поради боледување предизвикано од загадувачот PM2,5 во 2020 година. Во 2020/21 година имаше околу 212 кардиоваскуларни и респираторни хоспитализации поради ПМ2,5 од надминувањето на емисиите.  Со набавка на сомнителниот јаглен овие бројќи се очекува двојно да се зголемат.