ИЗБЕГНАТА нова трагедија во Софија

Хроника

Патнички авион на германската авио-компанија „Луфтханза“, што утринава требаше да лета од Софија за Франкфурт, остана приземјен откако птици влегле во еден од неговите мотори, јави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во инцидентот нема жртви, а патниците потоа биле упатени на други летови.

Од аеродромската управа соопштуваат дека на турбината на авионот на германската авио-компанија имало констатирани помали оштетувања.