
РАДЕВ во стилот на Тошо болшевички, този дупка не е дупка
Како што јавува МИА од Софија, Радев повторно во стилот на болшевикот Тодор Живков, во период од 10 дена, изјави јасно и прецизно дека Македонците се Бугари и бара да прекине „систематската дебугаризација што се води со децении“. МНР се уште молчи.
Бујар Османи и МНР на Македонија ја премолчеа неодамнешната и денешната иредентистичка изјава на претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој и денес за време на дебатата со независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС Анастас Герџиков, на дебата на БНТ во пресрет на вториот изборен круг, ја повтори скандалозната и иредентистичка изјава, со која ги навреди Македонците ширум светот со изјавата дека треба „да запре кршењето на човековите права на Бугарите во земјата и систематската дебугаризација што се води со децении, како и уништувањето и фалисфикувањето на бугарското културно и историско наследство, и пред да се искорени говорот на омраза во учебниците и натписите на музеите и институциите, во државните медиуми и МАНУ“.
Во Македонија политичарите немаат капацитет за разбирање на ставот на Радев и негово аргументирано документирање, особено немаат Министерот Османи и Владата, кои не разбираат дека е должност на нашата земја да реагира на овој иредентистички говор на омраза, полн со невистини и спинови кои преставуваат класичен говор кој никако не може да се нарече добрососедски и пријателски, туку сосема спротивно.