ФРЧКО се согласи со кланицата за Македонците под бугарски надзор

Изјави

Бугарското сценарио за „влез на Бугари“ во Уставот на Македонија е со крајна цел да ја врати земјава во времето на пропагандите од пред повеќе од век и половина и да го уништи македонското национално ткиво. Но тоа не е доволно за т.н. „напуштени невести“ како Фрчковски од „меџународна“ да продолжат за ги водат Македонците на кланица.

Фрчкоски не смета дека е проблем Бугарите да бидат вметнати во преамбулата на Уставот.

-Преамбулата не е оперативен дел туку историска меморија. Така што не е проблем да се прошири со додавање на Бугарите. Така Бугарите прифаќаат дека постои бугарско малцинство во Македонија кое е различно од Македонците. При влез во ЕУ се отвора и член 118 кој се однесува на меѓународните договори кои тогаш директно ќе се применуваат без посредство на извршната власт и дел од суверенитетот го префрламе во ЕУ, објасни Фрчкоски.

Но Фрчковски не објасни кој е интересот на Бугарите тоа да го бараат, ако е во корист на Македонците, а на нивна штета? Вакви шарлатански коментари и заклучоци ја доведоа Македонија до дното на Балканот, како најпонижена држава.