
КОЛКУ мрднат режим е тој на ПУТИН
Русија донела одлука да испрати два бомбардера да патролираат во белорускиот воздушен простор на границата со ЕУ, против мигрантите кои таму се најдуваат. Станува збор за бегалска криза на границата со Полска. Путин ќе бомбардира бегалци, кои бегаат од неговиот насилен болшевички режим.
Одлуката на Москва доаѓа во време кога ЕУ размислува за санкции против Минск поради, како што ја нарекуваат, вештачки создадената криза, што Белорусија ја отфрла. Мигрантите од белоруската страна на границата се обиделе насилно да влезат во Полска во текот на ноќта, соопшти денеска Варшава, испраќајќи дополнителни безбедносни сили во областа.
Комесарката на Обединетите нации за човекови права Мишел Башелет ги повика двете страни да ја смират ситуацијата и да ја решат „неподносливата“ криза.
„На овие стотици мажи, жени и деца не им е дозволено да поминат уште една ноќ на студено време без соодветно засолниште, храна, вода и медицинска нега“, рече таа.
Амбасадорите на 27-те земји-членки денеска се согласиле дека тоа е „хибридна војна“ на белорускиот претседател Александар Лукашенко и дека постои правна основа за нова рунда санкции.
„Се соочуваме со брутален хибриден напад на нашите граници. Белорусија ја користи маката на мигрантите како оружје, на циничен и шокантен начин“, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Белорусија и нејзиниот сојузник Русија ја препишуваат целата вина на Европа. Кремљ ја обвинува дека не се придржува до нејзините хуманитарни идеали и дека се обидува да ја „задави“ Белорусија со затворање на дел од границата. Москва смета дека е неприфатливо ЕУ да воведе нови санкции кон Минск поради таа криза.
Два бомбардери Туполев Ту-22М3 испратени од Русија во Белорусија можат да носат нуклеарни бомби, вклучително и хиперсонични, само никој не разбора за што се бомбардери против жени и деца, кои се борат за гол живот?
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изразил надеж дека Европејците „нема да дозволат да бидат вовлечени во спирала која е доста опасна“. Ова покажува која лудост од режим е тој на Путин. Се фалат со бомбардери против бегалци.
Германската канцеларка Ангела Меркел го повикала рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок врз Белорусија, а Путин одговорил дека ЕУ треба директно да разговара со Минск, соопштил Кремљ.