ДОБPO УТPO oд амaтepката сo кyчињaта штo лаaт

Добро утро

Кучињата лаат, караванот врви!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Деновиве, многумина се повикуваат на Уставот и Деловникот за работа на собранието, но како да подзабораваат дека не секогаш одлуките се донесуваат во согласност со истите. Така и денес, нема да биде чудно ако се донесе уште една таква одлука низ чудна процедура. Ако еднаш се случило ќе се случи повторно.

Политичарите ќе си ја спроведат претходно договорената агенда преку театрален настап на пратениците, а граѓаните ќе имаат можност тоа да го следат во живо. Што е за право, секогаш имаат добро сценарио за да задржат внимание. И тоа е забавно се’ до моментот кога ќе се најде некој да ја анализира и предочи на јавноста манипулацијата која е сторена и да соопшти дека одлуката која е донесена е против уставна. Но тоа нема да ја промени реалноста.

Медиумите ќе имаат уште една актуелна тема за долготрајни дебати и можна е некоја иницијатива до Уставен суд за која ќе се изгуби интерес многу брзо, а нема да промени ништо. Се ќе се одвива во стилот “кучињата лаат, караванот си врви”!

Но овојпат треба да внимаваат и да обезбедат алтернативен довод на електрична енергија во случај да им снема струја, па да им пропадне сценариото.