ШАХОВСКО добро утро од аматерката со два крала

Добро утро

Шах или враќање на потег

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Во моментов на политичките случувања се во стилот на шаховска игра. Разликата е во тоа што шаховската игра се игра на строго определен начин почитувајќи низа пропишани правила, а во политичкиот шах не секогаш се почитуваат истите. Заедничко и за двете се фигурите и нивното влијание во играта.

Белите фигури го имаат првиот потег. Заедничка цел на играта е да се заштити највредната фигура, кралот и да се зароби (матира) противничкиот крал. Партијата трае сè додека не се прогласи реми или пак додека кралот не се зароби со мат. На оваа партија шах што ја следиме на политичка сцена и се ближи реми. Двата кралеви се сеуште во игра.

Едниот избрза со прогласување на шах позиција, пред да го искористи “топот” за претходно да направи рокада. Сега има две опции, едната е да ги прекрши правилата и да направи рокада после шах, а другата е да го врати претходниот потег и да изведе друг потег со истата фигура.

Меѓутоа, во оваа партија времето е ограничено бидејќи играчот кој ја направи грешката веќе го притисна неговиот часовник. Другиот играч може да го прогласи потегот за невалиден и да победи или да подразмисли и да го матира. Додека тие размислуваат за наредниот потег, граѓаните будно ги следат и се залажуваат со неизвесноста од “забавната” игра.

Ќе се најде и по некој политички коментатор да им ја појасни играта за да не ја слушаат “тишината” пред ремито, но никој не е заинтересиран да им ја обзнани вистината! Никој не коментира што после играта!