
ОГРОМЕН успех на МПЦ – ОА, еве каде е новата Црква
Митрополитот европски Господин Пимен, на својата фан страна објави фотографии и вест од Богослужбата во новата Црква на МПЦ – ОА во Пијаченца, Италија.
Особено значајно за овој настан е што МПЦ – ОА презема стар католички храм и истиот ќе се оправославува согласно каноните на Православната Црква.
Името на новокупениот храм на верниците на МПЦ – ОА ќе биде Св. Прохор Пчињски, а денес е одбележана прва слава во него.
Слава Му на Бога што нѐ собра денес во Негово име, напиша Владиката Пимен. Сполај им на сите што нѐ удостоија со своето присуство.
Од Амбасадорката од Ватикан г-ѓа Ефремова, до Конзулот Витанов од Местре, свештениците од Италија и Словенија, гостите од соседната општина од Неиве, неколку стотини домаќини од Пјаченца, вредните кувари и послужувачи… се зборовите на Митрополитот Европски.
Поради обилните врнежи од дожд се сменија планови, а славата се одбележа внатре во својот дом каде има место за се.
Ова е голем настан и празник на секој верник на МПЦ – ОА. Македонската Црква доживува ренесанса.