ГРАФИТНО ДОБРО УТРО од аматерката во пораката за Зоки

Добро утро

Графитна порака за Зоки

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Наместо на сечење лента на нов клинички центар, Зоки одржа говор на отварање на нов трговски центар. И сето тоа така “натокмено” да биде пред вториот круг од локалните избори со намера да се прикаже како негов успех. Го избрзаа отварањето и покрај раскопаните улици околу него, кои го отежнуваат пристапот до истиот.

Од ветениот клинички центар до сега реализираа само еден графит испишан на ѕид. Во време на избори на клинички се сети само градоначалникот на Ѓорче Петров кој го замоли неговиот наследник да придонесе за реализација на овој проект. Толку од проектот нов клинички центар.

Единствено што направија заедно со Филипче е стопирањето на претходно отпочнатите активности за изградба. Се “полакомија” па предвидената цена на чинење од 70 ја зголемија на 500 милиони евра. Целта не им била да има нов клинички, очигледно.

Нов клинички е само една од големите предизборни лаги на Зоки. Затоа граѓаните уште во првиот круг му испратија порака, ама тој не ја разбрал. Ќе мораат “погласно” да му ја соопштат во недела.