ОТКРИЕНА причината зошто СДСМ изгуби на локални

Политика

Аналитичарите генерализираат доста фактори како клучни за слабиот изборен резултат на почитуваниот СДСМ, особено оние од контото на таа партија. Но што е вистинската причина?

Вината била во бугарското школо на министерот Филипче, за тоа како да се справи со пандемијата. Поради исклучително квалитетната обука која ја добил во Софија (види слика), каде како мало учениче треперел пред авторитетот на даскалите Краси и Шеќерезада (Захариева), но пред се деканот Бојко, Филипче ни донесе смрт на повеќе од 7.000 наши граѓани.

Дополнително Филипче студирал на „кафанската школа“ на професор доктор Нефи од Универзитетот на ДУИ во Охрид, каде се стекнал со особено познавање на бели и жолти црти, превенција од злоупотреба на акохол и свинско печење. Со тоа Филипче ја бетонира позицијата на слободен пад на СДСМ. Честито почитувани социјал – демократични хора!