БOMБА: Бyгapиja дo Kaмчeв, издpжи Opце ќe влeзeш во Уcтав

Балкан

Се потврдија информациите дека зад акцијата „Рушење на CJО“ во која дирекно беше вмешан Opце Камчев, стојат бугарските служби, кои се измеќари на pycките. После две години сокривање, веќе си ги покажаа роговорите.

Имено, бугарската амбасада во земјава испратила барање до Министерството за правда и министерот Бојан Маричиќ да се дозволи на бугарски агент од амбасадата да го посети бизнисменот Јордан (Орце) Камчев, кој од март годинава се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари како обвинет во предметот Плацови на Водно.

„Бугарија ја веома врло забринута“ за својот полтрон и спроведувач на непријателските активности во Македонија, мотивирани од лични интереси. Информацијата за бугарската „забринутост“ доаѓа од денешното рочиште во судот од устата на судијата Илија Трпков, кој го води судскиот процес и даде согласност да се оствари таа посета.

-Има вербална нота доставена од амбасадата на Бугарија со барање до Министерството за правда да дозволи советникот Герман Ванчев да го посети државјанинот на Република Бугарија, Јордан Камчев. Од моја страна е дадена дозвола да се изврши таа посета исто како што беше и за Јан Фигел иако во документите тогаш имаше само фотокопија од негов дипломатски пасош, изјавил судијата Трпков. Посетата, според најавата, ќе биде на 5 ноември.

Можеме само да помислиме кои солзи радосници ќе паднат. Па тешки муабети за „Каков е Гоце Делчев“, па за цар Самоил, а на крај бугарскиот агент конечно ќе го израдува блгарчето Орце дека влегува во Уставот на Македонија. После таа информација, Орцето доброволно останува во титовистанските црни затвори, во име на блгарската кауза.

Имаме сознанија дека на Орце „веома врло“ љубоморен бил Боки 13. Тој посакал да стане исто блгарче од Уставот на Македонија за да се куртули од „југославските“ црни затвори.