
СКАНДАЛ: Шилегов со тендер за лошо решение
Тендерот за реализација на Бас рапид транзит системот (БРТ) е објавен денеска со што правиме крупен чекор напред кон изведба на современ, еколошки, брз и ефикасен јавен превоз, порача денеска Петре Шилегов, актуелниот и кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје.
– Скопје добива брз, безбеден и одржлив јавен транспорт кој ќе биде доволно атрактивен што ќе овозможи директно намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и индиректно ќе го намали и аерозагадувањето во делот на сообраќајот. За само четири години, успеавме да го реализираме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот согласно условите кои ги овозможува денешното Скопје, рече Шилегов на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што, според него, не е само успех за градот, туку и за целата држава.

Она што не кажа градоначалникот Шилегов е жртвата на јавното зеленило како резултат на реализицијата на овој Проект. Имено, сетоа она јавно зеленило во кое повеќе од деценија инвестираше Град Скопје, сега ќе се уништува, инвестицијата ќе се фрли во ѓубре.
Кој ќе понесе одговорност за фрлени пари за планирање на проект со кој ќе се уништат досегашни реализирани инвестиции, или обратно, зошто не се планирало долгорочно и се инвестирало во проекти кои сега ќе се рушат со цел реализација на нова идеја.
Крајно неодговорно е однесувањето на три денови пред избори да се распишува тендер, со кој ќе се подметне лошо техничко решение со кое граѓаните ќе изгубат, а нема да добијат ништо.