ЖАЛНО: Путин фатен жив, остана без другари

Свет

Лукашенко во Белорусија уапси Руси агенти, а за нивното присуство го обвини Путин. Ние не криеме ништо, подготвени сме да и ги доставиме сите информации на руската страна! Но Русија да објасни што бараат тие во Белорусија?

Официјален Минск е подготвен да и обезбеди на руската страна дополнителни информации во врска со 33 уапсени руски агенти.

Нема да градиме политика на лаги. Ние нема да го решиме проблемот со викање во медиумите. Ако руската страна сака некои дополнителни информации, ние сме подготвени да ги обезбедиме. Ние не криеме ништо, но ни треба вистината, рече белорускиот претседател.

Рускиот претседател Владимир Путин по тој повод се состана со членовите на рускиот Совет за безбедност на разговори околу прашањето за апсење на руските граѓани во Белорусија.

Според портпаролот на Кремљ, на средбата, која била организирана преку видео-врска, било посочено дека е потребно што поскоро да се утврди зошто се уапсени за да се овозможи нивно ослободување.

Сите членови на Советот за безбедност на Русија, како и претседателот Путин, изразија надеж дека наскоро ќе стане појасно зошто овие руски државјани се приведени без никакви основи – додаде Песков.

Да се потсетиме, на 29 јули Белорусија уапси 33 руски државјани под обвинение за подготвување терористички чин, за што се соочуваат со казна до 20 години затвор. Нешто подоцна, Истражниот комитет на Белорусија објави дека тие влегле во земјата за да се подготват терен за демонстрации. Дали тоа е потврда дека Путин го руши Лукашенко, а не западот?

Медиумите пишуваат дека безбедносните служби објавиле дека околу 200 лица пристигнале во Белорусија како би ја дестабилизирале ситуацијата за време на изборната кампања.

Москва ги отфрли сите обвинувања дека руските граѓани биле вклучени во внатрешно-политичките процеси во Белорусија, додека руското Министерство за надворешни работи изјави дека уапсените руски државјани во Белорусија биле само во транзит и дека нивната крајна дестинација е Истанбул.

Дали е тоа признание дека Путин му подготвувал пуч на Ердоган, на кого му се претставува за пријател? Како и да е, Путин остана без двајцата другари!