ВАЖНО: Ова е филмот на Заев
Дали ќе продолжи Заев да управува со Македонија, зависи од судбината на европските интеграции. А тие пак зависат од бугарските комплекси, што значи судбината на Заев зависи од Бугарија!
Бугарските предлози во врска со прашалникот 5+1, кој беше најавен на неодамнешниот Самит на ЕУ за Западен Балкан во Брдо кај Крањ, најверојатно е документот за кој ќе се расправа во новиот круг консултации меѓу Софија и Скопје што ќе одржи кон крајот на октомври, а ги најави бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев. Со тоа Заев веќе влезе во „руското сценарио“!
Последните надежи на Заев се евентуален позитивен исход на претстојните избори во Бугарија во полза на ГЕРБ на Бојко Борисов, со мислење дека ќе ги измести бугарските позиции, кои се сведуваат на оспорување на самобитноста на македонскиот јазик и на македонската државата пред 1945 година, како да заборави дека токму владата на Борисов стави вето на Македонија, а тоа го одработија најблиските луѓе на Бојко.
Оптимизмот на македонскиот премиер Зоран Заев дека шансите во двете земји за решение за спорот до крајот на годината се поврзани со очекувањата тој во Македонија да оствари триумф на локалните избори и потоа да го зголеми парламентарното мнозинство до две третини од собранискиот состав, доволно за уставни промени со кои ќе се овозможи Бугарите да бидат запишани во Уставот е катастрофа за иднината на земјата. Од друга страна, Заев се надева дека Борисов ќе оствари добар резултат на изборите во Бугарија што ќе му овозможи да ја формира новата бугарска влада.
Последната анкета на „Алфа Рисрч“ покажува нов подем на партијата на Бојко Борисов пред изборите во ноември. ГЕРБ има 23%, пред социјалистите со 16,8% и новата партијата „Продолжуваме со промената“ на поранешните технички министрите за финансии и за економија со 16%. Победникот на претходните избори, партијата на шоуменот Слави Трифонов, падна на петтото место.
Официјално, за новите софиски иницијативи не се соопштува ништо. Од Владата во Скопје нема никакво образложение на најавата на шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев дека до крајот на октомври ќе се заокружи нов круг на консултации, а она што ќе биде договорено, може да биде потпишано од двајцата министри за надворешни работи.
– Бугарија инвестираше многу во дијалогот со Македонија, очекуваме конкретни дејствија од Скопје за трајно спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година, како и почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест. Преговорите на експертско ниво меѓу Скопје и Софија течат, а предадени се и бугарските предлози и текстови. До крајот на октомври ќе има нов круг консултации меѓу Бугарија и Македонија и доколку се постигне согласност, она што ќе биде договорено, може да биде потпишано од двајцата министри за надворешни работи – изјави Стоев.
Претходно, бугарскиот претседател Румен Радев најави дека Бугарија ќе бара двете страни да потпишат протокол, кој ќе содржи правно обврзувачки-гаранции за спроведување на одлуките донесени во Договорот од 2017 година. Со тој документ би требало да биде предвидено македонските Бугари да бидат впишани во Уставот, но и да се сменат наставните планови во училиштата, да се запре прогонот на луѓе кои се идентификуваат како Бугари во Република Македонија, а државниот врв во Скопје јасно и категорично да се прекине со идеологиите на тоталитарното минато. Тоа означува да се остави простор за ново бугарско вето во тек на преговорите со ЕУ. А тоа филмот на Заев никако да го прикаже.
Сево ова треба да биде завршено во текот ноември и најдоцна до крајот на годината, за да се остварат и очекувањата на македонскиот премиер Зоран Заев, но и најавите од Брисел, каде што првиот поважен состанок на министерско ниво е закажан за 14 декември.