Зaмaчкaнo ДOБPO УТPO од aмaтepката и гpижa за yчeницитe

Добро утро

Зaмaчкaна влacт

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Најголем процент на објекти во кои се одвива гласањето се училиштата. Гласањето се одвива во училниците во кои во текот на целиот ден ќе бидат присутни членовите на избирачките одбори и ќе ги користат сите расположливи средства кои им се потребни. Истите тие простории ќе бидат посетени и од илјадници други граѓани кои ќе го користат своето право на глас.

Тоа право ќе имаат можност да го искористат во период од 12 часа, односно од 7.00 до 19.00 часот. Членовите на избирачкиот одбор ќе останат малку повеќе од тоа, се додека не ги завршат законски предвидените процедури со избирачкиот материјал.

Наредниот ден, односно само по неколку часови децата ќе треба да влезат во истите тие простории и да ги користат истите тие средства! Ќе седнат на истите столчиња, на истите клупи ќе ги стават своите книги! Зачудено ќе се загледуваат во излепените „постери“ по ѕидовите со кои ДИK ги информира граѓаните за нивното право на глас.

Министерот Филипче вели безбедни се децата, училиштата се должни да спроведат дезинфекција и чистење! Даштевски ги задолжил сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање! Ама кога тоа ќе го направат, незнаат! Времето кое преостанува за ваквите дејствија е помалку од 7 часа. Ниту ќе дезинфицираат, ниту отпад ќе фрлат од корпите. Се е „замачкување“. Не им е грижа ни за здравје ни за деца. Битно им е да помине тој ден да ги „грабнат“ записниците што побрзо и да се затворат во партискиот штаб.

Министерот знае дека за било каков метод на дезинфекција, потребни се соодветни средства (не кави биле) и соодветно време. Па макар тоа да е механичка – припремна фаза на дезинфекција (метење и бришење). Тој знае дека во период на пандемија потребно е да се прави строго насочена дезинфекција бидејќи се знае причинителот – вирусот.

Ако министерот и владата воопшто, вистински се грижат за здравјето на децата, најпрво внимателно ќе го организираа самиот тек на гласањето, а наредниот ден децата ќе ги ослободеа од настава. Претходно ќе ангажираа служби кои ја обавуваат таа дејност и ќе ги дезинфицираа објектите со соодветни средства за таа намена.

Ај за Мила знаеме. Ако не е сексуална определба во прашање, таа не е заинтересирана. Ама другиве „немпетли“ до толку не размислуваат за здравјето на дечињата?! Засега не чувствуваме голема загриженост од страна на власта. Како и за се до сега така и овој пат ќе „замачкаат“ и ќе се пофалат дека ги исполниле своите обврски!