ФИЛИПЧЕ: Слушнете што зборувам, не гледајте што правам

Политика

На митингот во Битола, потпретседателот на СДСМ и министер за смрт Венко Филипче ја изразил поддршката за кандидатот за градоначалник Христо Кондовски и советничката листа предложена од СДСМ, при што искажал силни небулози кои ги збунија битолчани.

Имено Филипче се пофалил за соработката на Владата со општините, која била беспрекорна и тоа ќе продолжело и понатаму, веројатно мислеќи на оние модуларни болници во кои горат живи луѓе или во распаднати болници во кои веќе ниту глувците не останаа. Министерот кој во Македонија донесе најголема смртност од цела Европа, замислете да ти разбирал економија и ја истакнал круцијалноста на таа врска на централната со локалната власт во создавањето на стабилен економски систем. Значи следно е да очекуваме најголема сиромаштија во Европа, што Филипче така кажува.

Но за да биде трагедијата уште поголема, Филипче се фатил и за евроинтеграциите. Тој им се приклучил на премиерот Заев и вицепремиерот Димитров во глупоста наречена Европа во Македонија, а не Македонија во Европа. Тука веќе Филипче се надмина самиот себе си! Секако штом тој се фатил и за европските интеграции, значи можеме само да ја сонуваме Европа.

„Со овие политики ѝ покажавме на Европа, а и на светот дека нема да се откажеме од намерата да ја креираме најдобрата верзија од земјава, да им покажеме дека сме земја – со сериозна понуда и квалитет. Зашто ние навистина тоа и сме. Работиме за младите да ја градат својата иднина во своите општини. Работиме за Европа дома, кај нас, во Македонија.“ – кажа Филипче и остана жив.

Умееме и можеме да ѝ покажеме на Европа дека сме достојни да се приклучиме во Унијата, рамо до рамо со најразвиените земји, заврши Филипче и со тоа и покажа на Европа колку малку разбираме што е тоа Европа, а постојано го споменуваме. Секако во Европа не се организираат митинзи без маски и протоколи на среде пандемија, а министерот за смрт, демек за здравство е главен на истите тие митинзи и говори за Европа.

На трибината, тој ги повика присутните на 17 октомври, масовно да ја дадат својата поддршка за бројот 12 и да прослават победа во прв круг, без разлика што секој ден умираат десетици луѓе, а после изборниот хаос пандемијата ќе земе замав со нови стотици мртви.