
EВTИHИ финти на ЛeBица и Зaeв
На чествувањето на 80 години од народното востание на меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ активистите на ЛeBицa во договор со власта, одиграа евтина драмолетка во режија на премиерот Зaeв.
11 партиски активисти на партијата демек ЛeBицa, застанаа пред споменикот и наводно го попречија патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Делегациите предводени од шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Зopан Зaeв, како и од Собранието, Армијата, Сојузот на борци и други беа принудени да ги заобиколуваат за да пристигнат до местото за положување свежо цвеќе.
За да и се даде жестокост на евтината театарска претстава, Зaeв мораше да биде во центар на провокациите. Имено, освен што ги „попречија“ државните делегации да положат цвеќе, наводно паднале и навреди меѓу активистите на ЛeBицa и премиерот Зopaн Зaeв. И сето тоа секако во најдобар ред. Очигледно Зaeв е слаб режисер, а финтите на Гpyeвски од минатото не му поминуваат.
Обелечени во црни маици со обележја на партијата, активисти на ЛeBицa го „окупираа“ меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп каде се одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание, а во целосно лагодна и опуштена атмосфера активистите на ЛeBицa му порачаа на премиерот дека „не му е местото тука“. А потоа демек премиерот одговори дека тој што му го кажал тоа, местото му е во соодветна установа. И сцената се затвори. Паднаа завесите, а само будалите им поверуваа.
Акивистите на ЛeBицa демек реагирале и при интонирањето на државната химна бидејќи била најавена како химна на Република Северна Македонија. Според нив, химната е на Република Македонија. Мижи Асан да ти баам! Сега брзо шизофрени аплаузи и сите на гласање.
Церемонијата заврши предмалку, а таму меѓу другите се обрати и претседателот на државата Стево Пендаровски.