ДОБРО УТРО од аматерката со фрустрирани децата на транзицијата

Добро утро

Сите фрустрирани деца на транзицијата

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Димче очајно сака да биде “лидер” на сите деца на транзицијата. Инаку, “децата” кои се таргет на Димче сега се возрасни и имаат свои деца! Повеќето од нив си ги доградиле соништата, па така нивните синови и ќерки станале деца на револуција и промени.

Многу поодамна со свој придонес во општеството овозможиле и изградиле поинаков систем. Тие верувале дека се можни промени преку себеподобрување и вложиле напори кон постигнување на целта. Дури и децата на “закоравените” комунисти полесно го прифатија падот на таквото државно уредување и се адаптираа во новиот систем. Тоа се пред се, психички стабилни личности кои успеале да го преживеат транзиционото време, без последици врз себе.

Но за жал, има и такви на кои тој период им остави трајни последици. Постојат семејства кои “рикнувањето” на комунизмот го сфатија трагично. Депресивни и лабилни ги “испуштија” од раце своите деца. Така, некои од нив растеа во депресивна и нездрава средина, а паралелно со таквиот развој им се развиваа и фрустрациите. Сега тие “деца” имаат свои деца. Типичен пример е Димче!

Тој е матурант кој не си бил на сопствената матура. Тој не се сликал со својата генерација за матурското табло! Тажно. Тоа се тажни моменти кои покажуваат дека уште во рана возраст започнало неговото нарушување. Тој сега сака да биде лидер! И тоа е дел од неговите фрустрации. Сака да биде главен. Момчето и треба да биде лидер на сите кои се чувствуваат како него и да побараат стручна помош.

Државата треба безплатно да им ја овозможи. Треба да изгради посебни центри кои ќе работат со овие луѓе. Нужно е потребна стручна помош бидејќи тие веќе се родители и воспитуваат деца! Димче неможе да биде лидер на сите деца на транзицијата! Тој може да биде лидер на сите фрустрирани “деца” на транзицијата.