ДОБРО УТРО од аматерката со политичката сатира

Добро утро

Сатирично – хумористична кампања

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Се наближува крајот на кампањата за локални избори, а освен хумор и сатира не слушнавме ништо конкретно и реално. Партиите од власта го ставија фокусот на хумор со тенденција на определено когнитивно искуство да предизвикаат смеење и да обезбедат задоволство и забава. Знаејќи дека народот е сиромашен, потиштен, несреќен и незадоволен своите говори ги зачинуваат со доза на хумор за да го задржат нивното внимание.

Свесни се дека луѓето од сите возрасти и култури реагираат на хуморот и повеќето од нив се способни да го искусат односно да се насмеат. Но исто така се свесни дека тие се причина за нивната состојба, но сепак се одлучуваат да излезат пред нив со нови лаги и надежи прикривајќи се позади хумористичните говори.

Сатирата е присутна повеќе кај опозиционерските партии. Најчесто во нивните говори се критикува и исмејува некоја личност односно власта. Со помош на сатирата ги разобличуваат општествените недостатоци, политичките страсти, ги потенцираат човечките себичности, непромислености, мани и глупости. Најчесто со потсмев на духовит начин критикуваат, опоменуваат и најавуваат казнување за стореното.

Дали свесно или не, и едните и другите, со користење на хуморот и сатирата кај присутните предизвикуваат моментално расположение, а го изместуваат фокусот од важните проекти и реални потреби на граѓаните. Додека хуморот забавува, ослободува и растеретува, сатирата со својата горчина придвижува и обврзува. Така власта избегнува соочување со граѓаните за стореното, а опозицијата ги обврзува да се насочат кон промена на истата.