
ВИТPAЖ – нoва pyбpика на MKДенес
Рубрика: Дневен ВИТРАЖ
Со оглед на тоа дека впечатокот за изминатиот ден го сумираме од настаните кои се случиле и како влијаеле врз нас, оваа рубрика ќе има задача секојдневно да ги забележува поважните настани. Секој настан со сите негови позитивни или негативни страни ќе биде дел од дневниот витраж. Во зависност од тоа како ќе изгледа витражот, ќе можеме лесно да ја препознаеме дали и каква сончева светлина продирала низ него.
Во оваа почетна фаза, мора да размислиме за количината на парчиња неопходни за формирање на дизајнот. За почетниците, најдобро е да најдеме рамнотежа помеѓу атрактивен, но едноставен витраж прозорец, со најмал можен број парчиња кои ќе ги ставиме во рамка.
Ден 1-ви / прв дел
Денешниот ден започна со пинг-понг изјави од лидерите на политичките партии. “Зајакот на магарето и обратно, си ги мереа ушите” некаде до пладне. Веднаш по тоа се појави министерката Мила со закани до сопствениците на книжарници. Ќе ги пријавува во МВР! Само што заврши прес конференцијата, веќе едно лице беше повикано на информативен разговор. Падна и обвинение за Рашковски и други 6 лица. Членови на МАНУ бараат прекин на преговорите со Бугарија, а економски експерти наговестуваат инфлација и тежок период.
УЈП ги објави најбогатите и се закани со блокади на сиромашните фирми. И среќа што дојде тајмингот за “ЌЕ” кампањата, па се осети една шареноликост и широк спектар на бои од надежни видео спотови и идејни проекти. За дивоградбата кај Мавровка изречена е условна казна, но и “многу” висока парична во исто време. Да не му текне да гради на диво уште еднаш.
Рамката на денешниот витраж е сообраќајниот метеж, ама има надеж! Овие од “ЌЕ” кампањата велат издржете уште малку! Ова се парчињата за денешниот витраж. Дали пропушти сончеви зраци, незнаеме бидејќи имавме дождлив ден.
Добра ноќ со надеж за посветло утре!