
НАТО удара, Русија плаче, кој ќе го извлече подебелиот крај
Односите помеѓу НАТО и Русија се на најниско ниво од крајот на Студената војна, оцени генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференција по протерувањето на осумте припадници на мисијата на Русија во НАТО во Брисел.
Тој рече дека одлуката за протерувањето не е поврзана ниту со еден конкретен настан, но, според него, Северноатлантската алијанса мора да биде внимателна пред малигните руски активности. Со други зборови, на НАТО му се може, па руските агенти ќе ги шутира кога и да посака.
Како што рече генералниот секретар, станува збор за осум „непријавени руски разузнавачи“, односно нивните активности не биле во согласност со нивните акредитации.
Кремљ плаче, се огласи дека одлуката на НАТО во целост ги поткопува надежите за нормализација на односите помеѓу Русија и Алијансата. Секогаш е така, кој губи има право да се лути!
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека потезите на НАТО не покажуваат дека односите би можеле да се нормализираат, ниту пак дека е можно продолжување на дијалогот.