
CKAНДАЛ: Лeвицa сo кyпeни диплoми
Падна во вода целата пропаганда на Лeвица и на Димче Апacиев за некакви си образовани херои во таа парија, кои ќе не извлечат од оваа криза во земјава.
Имено, Oливера Cтафаноска носител на листата кандидати за советници за Кичево, родена во 1980 година во Кичево, каде завршила основно и средно образование, сепак си „купила“ дипломче за високо образование во Тетово, на Државниот Универзитет Тетово, каде што замислете се стекнува со назив – професор по Социолигија.
Ако се знае дека на Тетовски универзитет не се студира на македонски јазик, а госпоѓата Стефаноска не знае албански, останува прашањето како успеала да дипломира, па и професорка да стане на јазик кој не го познава?
Како, дипломиран професор, кандидатката на Левица ќе се залагала за квалитетно образование во Општина Кичево со квалификувани кадри од областа, како и за департизација на вработените во училиштата, кои би требало да вложуваат во себеси и својот развој, за да можат да им бидат посветени пред сѐ на децата и младите.
Дополнително како администратор по професија, ќе се залагала за поефективна и побрзо услужлива администрација, преку соодветни обуки, следејќи го трендот на брз развој на технологијата. Од лично искуство знаела дека со правилно користење на технологијата, изнаоѓањето на најслабата алка во синџирот на процедури, времето потребно да се заврши некоја задача или услуга се намалува двојно и повеќе. Со тоа, времето на чекање на граѓаните, за да ги добијат бараните резултати драстично би се намалило.
Замислете, личност која „дипломирала“ на Тетовски универзитет на јазик кој не го познава, не работела ниту еден ден на демек „професијата“ од Тетово, сега ќе се залагала за вистинска професионализација и квалитетно образование.
Кој кого ј.бе во оваа држава? Ова ли се кадрите на професорот од Штип Димче Апасиев? Со овие ли кадри со купени дипломи ќе прави обнова на Македонија? Освести се народе додека имаш време! Димче е само еден глумец, нема К од квалитет, ниту П од професија. Сите купени дипломи и лажни патриоти во земјава се собрани во Левица.