
ИЗВИНИ, не сакав толку да те тепам
Адријанит Џафери од ДУИ му се извинил на Марко Бислимовски од СДСМ, зашто толку го тепал. Веројатно требало повеќе или помалку, зависно од растот на цената на струјата.
Тоа не известува минисерот за економија како претставник на партискиот суд на ДУИ и како шеф на Бислимовски од Регулаторна комисија.
„Ги осудувам таквите случувања. Во разговор со Бислимовски разбрав дека веќе се извинувале оние што му го направиле тоа“, откри министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање за време на потпишувањето на Меморандумот за соработка со Националната платформа на жени претприемачи.
Сега шефовите Заев и Ахмиети може на раат да спијат.
Министерот не верува дека тоа ќе влијае врз односите во енергетиката. Не сака како министерство да им се меша во Регулаторната комисија за енергетика затоа што тие се независно регулаторно тело и кога јадат ќотек, треба сами да искрепат!