ДOБPO УТPO од аматepката со диpeкот и cламкaта

Добро утро

Дирекот не го гледа, а од сламка се сопнува!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Дpжавната комисија за спречување на корупцијата (ДКCK), повторно укажува на обврската за доследно почитување на забраните од Изборниот законик, односно член 8-а, и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите, според кои, од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборниот процес, не може да се започне со изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти.

Упорни се да „следат“ како се одвива изборната кампања. Ама „будалата нема рогови па да го познаеш“ треба повеќе од следење! И ние граѓаните ги следиме сакале или не! Знаеме како и кога градат и кога крадат. Но, можеме само да си „лаеме“, а не и да дејствуваме. „Дирекот не го гледате, а од сламка се сопнувате“, намерно или не, не се знае! Корупцијата им стои над главите како ореол, а ДКCK им ја „следи“ доследноста.

А дали се потрудија воопшто да погледнат во финансирањето на кампањите со кои не „тероризираат“ секојдневно?! За средствата од буџетот знаеме дека се вешти и дека веќе имаат разработен механизам за распределба и користење на истите. Дали ДКCK погледнале во месечните износи со дознака „донација“ од актуелните градоначалници и функционери на CДCМ кои знаат да бидат повисоки од 150.000,00 денари? Дали погледнале дека на лицата кои „донирале“ повисоки суми, им се даде шанса за повторен избор? Тоа се нивни „заштеди“ или ?! Тоа треба да „следи“ ДКCK! Тоа што обичните граѓани не се во можност и немаат ингеренции да го видат и проверат. Или ќе го чекаат новиот Закон за потекло на имот можеби?

Чудно е како еден кандидат за градоначалник на една мала и сиромашна општина која патем сеуште се занимава со водовод и канализација, месечно успева да ја „почести“ својата партија 100.000,00 денари, а неговиот (легален) месечен приход изнесува не повеќе од 50.000,00?! И исто така неговите членови на семејството се невработени ?! Како успева тоа треба да го проверат ДКCK!

Потребна е само желба за работа и искрена намера за откривање на коруптивните дејствија на погоре споменатите. Законски решенија си имаме доволно. Прекрасно напишани, јасни и недвосмислени само е потребно конечно да почнат да се спроведуваат. ДКCK треба да делува со време, додека не се направат поголеми штети. Бидејќи како поминува времето на неказнивост и неодговорност, така овие нули ќе се намножуваат, а граѓаните ќе се осиромашуваат до недоглед!