СКАНДАЛ: СДСМ подготвува целосна партизација на администрација

Македонија

Далеку од очите на јавноста, СДСМ подготвува целосна партизација на администрацијата. Тоа е единствено возможно само преку партиска чистка на неподобните „административци“ на власта, особено оние во повисоките ешалони. Идејата е да се исчисти админисатрацијата од „опозиционери“, како целосно би била ставена под контрола на една партија, односно на СДСМ.

Оваа намера ја осуети и дел од академската јавност, која учествувала во изготвување на последниот закон за администрација, кој предвидува целосна професионализација и кариерна листа на унапредувања. Проф. Борче Давитковски прашува, зошто повтѕорно смена на Закон, кој беше веќе променет пред само некоја година и истиот доби највисоки оценки за професионална администрација. Очигледно некој сака да се врати во минатото на целосна партизација на државната служба.

Целта на СДСМ е да ги сруши државните службеници на повисоки позиции, кои не се партиски војници или послушници на власта, а кои имаат професионален и личен интегритет. На тој начин, СДСМ посакува исклучиво полтрони на власта во администрацијата. Така ќе нема кој да се спротистави на криминализацијата на секоја пора од општеството, а ќе има само извршители на наредбите на министрите и директори од СДСМ.

Први на удар се државните советници и раководители од повисок ранг, со што ќе падне целосно отпорот на професионалната администрација кон криминалната власт. Со цел да се прикријат вистинските намери со овој старо нов закон, СДСМ во јавност пласираше две вести за спинување, првата за намалено работно време во петок и втората за наводно намалување на функционерски места, државни секретари.

Но што покажува реалноста во нацрт законот. Се удира единствено на „непослушните“ државни службеници, а во целост остануваат истите одредби за високите функционери, како што се државните секретари. Државните советници кои преку професионална кариера стигнале до таа позиција, СДСМ сака да ги замени со партиски војници. Така на пример, во исто време додека се подготвува чистката на професионалците, СДСМ распишува огласи за државни советници и потполнува непостоечки места, со цел покасно тие партиски војници да бидат прераспределени на местата на професионалците, кои не исполнуваат желби на министрите.

Предвидено е скандалозно неуставно решение, преку кое само една категорија на државни службеници се ставаат на удар, преку нивно буквално чистење од администрација. Постарите генерации од „старите влади на СДСМ“ ќе се пензионираат на 55 години работен стаж, а помладите генерации од „владите на ВМРО ДПМНЕ“ ќе се испуштаат од работа. На нивно место доаѓаат новите послушници од „новиот СДСМ“. Никако да престане ова лудило на партизација на администрацијата.

Две опции што им се нудат на партиски неподобните државните советници се спогодбен престанок на работа со отпремнина, или распределба на ново работно место, само да им се тргнат од „бизнисот“ на министрите.

Државните советници ако сакаат, ќе може да одат во пензија на 55 години. И ова е предвидено во нацрт-предлогот на Законот за административни службеници кој деновиве предизвика низа реакции со одредбата според која „полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено“.

Во нацртот на предлог законот за кој се уште се води јавна дискусија пишува:

„Државните советници вработени до денот на започнување со примена на овој закон, за кои нема да има работни места на кои би биле распоредени може: да бидат предвремено пензионирани доколку на денот на влегување во сила на овој закон имаат навршени 55 години старост и имаат 15 години работен стаж“.

Другите две опции што им се нудат на државните советници се спогодбен престанок на работа со износ кој се уште не е дефиниран во нацртот и за кој е оставен празен простор, или пак, да бидат распоредени на работно место во институцијата за кое исполнуваат услови.

Што се однесува пак до државните секретари, тие ќе ја вршат својата функција по сатарото законско решение до истекување на новниот мандат, а потоа ќе се биеа нов секретар, според новиот закон. Тоа значи дека подобните, односно назначени државни секретари од СДСМ на Заев остануваат комотни на позициите, а се удира само врз оние кои не се послушници на оваа власт.

Овој нов закон би требал да влезе во сила еден месец по неговото донесување во Собранието, со исклучок на одредбите за испит за административен службеник кои би требале да започнат да се применуваат по воспоставување на софтверот за полагање на испит на Агенцијата.