
ЗАЕВ кадровик во ЛЕВИЦА, Апасиев молчи
Левица во целост ги исполни очекувањата на премиерот Заев. Кандидираше листи на советници или во избрани општини за градоначалници, каде им е потребна поддршка на кандидатите од СДСМ. Во општини каде СДСМ се комотни и немаат загрозеност од опозицијата, Левица одлучи да не учествува.
На тој начин и по тоа мерило беа определени 10 кандидати за градоначалници и 40 советнички листи каде СДСМ им дозволи на Левица сама да оди на изборите. Но, според тоа како стои во некои општини, прашање е која е целта на тие кандидати и советнички листи.
Така во тие 40 општини каде Левица нема кандитирано своја советничка листа е Струмица каде што на минатите парламентарни избори освоиле 1.158 гласови. Но, затоа имаат листи во две слични општини според број на избирачи, односно Охрид каде лани имале 1.240 гласови и Кичево 327 гласови. Според избирачкиот список од тие избори Струмица има 49.341 избирач, Кичево 50.480, додека Охрид 52.547. (Гласовите за Кичево се собрани од 5 и 6 изборна единица, бидејќи на парламентарни општината е поделена)
Оттука се поставува прашање зошто Левица нема кандитирано советничка листа во Струмица каде има реални шанси за да освои советничко место, а има во Кичево каде не постојат шанси, но таа бројка може да наштети на опозицијата ако се знае каква е состојбата во таа општина и како опозициските партии се борат за советник повеќе.
Левица советничка листа има кандитирано дури во Струга која на последните избори имаше 60.850 избирачи, а каде Левица освои само 524 гласови, однос и таму речиси да нема шанси за освојување на советник, а и таму е слична ситуацијата како во Кичево.
Дали Левица нема своја советничка листа во Струмица каде може да освои советник само да не им наштети на СДСМ и Зоран Заев, но и дали намерно има кандидатски листи во Кичево и Струга за да им наштети на македонските партии во однос на албанските? Тоа се две логични прашања кои се поставуваат имајќи ги предвид гласовите од минатите избори.
Оттука граѓаните сами може да проценат која е целта на Левица, во овие премногу важни избори кои ќе одлучат дали СДСМ ќе остане на власт или ќе оди во опозиција.