ДOБPO УТPO од амaтepката со ПAPИ вo тeгла

Добро утро

ПAPИ ВO ТEГЛA

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Исплива и фамозното шише! Владиниов „пајтон“ се движи од град во град, од село во село и се обидува да објасни колку се чесни, поштени и добронамерни. Често милуваат да направат компарација со претходната власт, иако одамна тие заминаа во опозиција.

Најчеста тема со која се фалат е слободното новинарство и нормално во компарација за новинарството од груевото време. Со формирањето на Владaта на CДCM нели требаше да заврши молкот и да се врати слободата!?

Другари, уште на нареден собир да им објасните на граѓаните како MEДИА ПPИНТ MAКЕДOНИЈА се најде на листата на донатори на CДCM?! Да им објасните на граѓаните дека крајниот сопственик на овој субјект е Cpѓан Кepим, иако добро се сеќаваат на тоа. Поточно, во извештајот стои дека MEДИA ПРИНТ MAКЕДOНИЈА на CДCM дала попуст на услуги од 111.850,000 денари! Како ви ги даде во шише или во тегла од „мамаз„?

Треба да им објасните на граѓаните дека крајниот сопственик на ова правно лице во исто време е ортак и со Opце Кaмчeв за кој често милувате да потсетите дека е спонзор – донатор на ВMPО-ДПMНE! И, во што се разликувате вие другари од претходните кои ги хејтате на секој ваш собир?

Скандалот со „пари во шише“ и разврската за истиот за вас претставуваше селективна правда во тоа време. Тогашните власти го релативизираа криминалот и не открија ништо спорно. Устите пена ви фатија од зборување за ваквите скандали! Но, сега кога удобно се сместивте во „добро затоплените“ фотељи продолживте на истиот начин.

Единствено се разликувате во формата на амбалажата, па така, шишето го заменивте со тегла. Материјалот и содржината се исти. Исти се и штетите кои се нанесуваат на граѓаните и државата!

Другари и другарици, дојде време за „ладен туш“ за ваше добро. Во спротивно, од преголема возбуда ќе направите уште поголеми штети!