
ДOБPO УТPO од аматepкатa со ЗБOГAТЕНИOТ Фигeл
ЗБOГAТЕНИOТ Фигел
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Нема ден да помине без циркуз за „пoлитичкиве„ затвopeници! Поранешниот eвpoкoмеcар и специјален пратеник за човекови права Јaн Фигeл ќе го збогати своето искуство на директна вклученост и работење на случаи со политички затвореници мониторирајќи го и случајот на бизнисменот Кaмчeв.
Искусниот Фигeл вбројува работење на случаи со политички затвореници во Иpaн, Кyба, Cyдан и Пaкиcтан, но со овдешното сигурно ќе се збогати со досега непозната проблематика. Уште на самиот почеток тој е изненаден од затворските власти кои не така лесно му овозможија посета на неговиот клиент. По претпоставка дека потемелно ќе го истражи ова однесување на надлежните му престојат големи изненадувања!
Овој што го донел, адвокатов на „политичкиов„ затвореник сигурно не му објаснил доволно за тоа како функционира кај нас издржувањето на казната затвор на ваквиот тип на затвореници. Требало да му објасни дека посетата не дека е недозволена, туку услов за истата е „политичкиот„ затвореник да е физички присутен во својата ќелија! Можеби во моментот кога Фигeл дошол на посета дотичниот бил на џогирање на пример! Можеби на шопинг! На годишен одмор не ми се верува да бил, бидејќи со две-три јавувања кај влијателни личности човекот си се врати во ќелија. Како да му дозволат посета?! Што се виновни службениците?!
Можеби постојат други оправдани причини, но со оглед на тоа што бевме сведоци на неколку последователни настани во врска со други „по небитни„ затвореници, се може да очекуваме за овој. Фигeл треба да знае дека овдешните „политички„ затвopeници имаат и право на годишен одмор, па треба благовремено да си ги најавува своите посети. Треба да знае дека ние не сме ни Иpaк, ни Kyба, ни Cyдан, а најмалку пак Пaкиcтан!
Овде секој втор криминалец доколку е осуден за стореното, покрај затвореник си ја додава придавката „политички„. Доколку повеќе истражи поранешниот еврокомесар ќе му стане јасно зошто бил одбиен без конкретно образложение, со конфузен одговор на неговото барање од страна на судијата и зошто објаснувањата од страна на одговорните лица пред вратите на KПУ Скопје биле нејасни.
Засега, неговиот заклучок е дека имало пинг-понг меѓу институциите во државава! Па што е тоа чудно за нас? Кај нас е тоа секојдневие. Ако во нешто се најдобри нашите институции тоа е пинг-понгот! Ајде на тоа ќе се навикне некако мониторирајќи го овој случај, но и покрај се ако успее да го дефинира како „политички„ затвореник на кого му се прекршени човековите права ќе биде навистина негово врвно достигнување!