ДОБРО УТРО од аматерката со сложните браќа

Добро утро

Сложни браќа

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Колку ќе заработи „менаџментот„ на политичките партии на овие избори?! Од доставените финанските извештаи со состојба 31.12.2020 година може да се констатира дека некои политички субјекти добро заработуваат. Ниту една не „работи„ со загуба. Во полето предвидено за остварен нето вишок може да се сретнат суми од пет милиони денари (околу 90.000 ЕУР) до шеснаесет милиони денари(околу 280.000 еур)! Чиста заработка!

Анализирајќи ги податоците од финансиските извештаи на најголемите политички партии (СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ) видно е дека поголем дел од буџетскиот „колач„ им припаѓа нив со тоа што, СДСМ има малку повеќе. Во зависност од тоа кој каков потрошувач е, на крајот им се пресметува „добивката„. Така, од приложените финансиски извештаи може да видиме дека ВМРО ДПМНЕ е најголем потрошувач со мала „добивка„ додека пак, СДСМ е „скромна„ и си има најголема заштеда!

Покрај законското финансирање кое е децидно определено, во извештаите се наведени и доста впечатливи износи добиени од донации. Кај некои износот на добиени донации е повисок од оној износ што законски му следува од Буџет. Така кај ВМРО – ДПМНЕ вкупниот приход е 113.912.507 мкд од нив од Буџет се само 46.747.169 мкд. Кај СДСМ вкупниот приход е 129.388.229 мкд од нив од Буџет се само 52.197,201 мкд! Ајде за овие сме слушале, сме ги виделе и како власт и како опозиција. Им ги знаеме и донаторите и изворите.

Интересен е Димче што глуми душегрижник за народов! Не е ни приближно блиску до големава опозициона партија по остварени приходи, а има поголем остварен нето вишок од нив! Димче заработил 130.000.00 еур!!! И во што е Димче поразличен?! Каква алтернатива е за граѓаните кога крајната цел му е иста со останатите? ВМРО – ДПМНЕ има вишок од пет милиони денари (5.191.320,00), а „скромната„ Левица, „партијата на трудот„ седум милиони денари (7.679,232,00)! Како успеваат не се знае!

Ако левиот Димче е толку загрижен за работникот во државава, за стечајците и обезправените граѓани, зошто не ги донира овие средства? Зошто различноста за која милува да говори не ја покажи на дело? Очигледно му успева да ги прелаже. Па да не е дека не ги заработил „чесно„ за остварениот приход ги забавува и им одржува по некој комичен монолог и сеирџиски говор за да им биде интересно. Но на граѓаните што го поддржале треба да им е јасно дека тоа си е поштено платено од нивна страна. Со секој добиен глас плус, на Димче му се зголемува добивката! Значи сите имаат доволно и повеќе отколку што реално им е потребно.

Зошто не ги намалат износите? Зошто оние што им остануваат од претходна година не ги враќаат во буџет или не им се пребиваат со наредните? Или државниот буџет е непресушен извор за нив?! Ќе се испотепаат во собрание од доставување небитни амандмани со крајна цел да се „исперчат„ на говорница и да се самопромовираат како да се во шоу „вашите пет минути„ па ќе направат непотребни трошоци за печатење на истите, за да на крај не се постигне никаков корисен ефект за граѓаните.

Никој не се грижи ниту за државниот буџет ниту пак за граѓаните. Единствена грижа им е ставката „остварен нето вишок„! Ете затоа се сложни браќа само кога се донесуваат одлуки од кои им се полни ќесичето!