СДСМ од чорба стана кечап, само Рада молчи
Поранешниот шеф на СДСМ, Бранко Црвенковски од салата во МАНУ по повод 30 години независност, даде такви оценки за тоа што земјава го поминала последните децении, како тој да е паднат од Марс, а не премиер и претседател долги години.
После оценката за страшното минато, на кое за чудо Бранко не се сеќава, тој даде оценка за уште пострашната денешност, за која секако вината ја гледа во власта на неговиот СДСМ и Зоран Заев.
На тоа Заев не премолчи, го вклучи на најјако „зајачко дувло“, сите инфлуенсери на платен список на Бихачка бб, сите „независни“ интелектуалци, грам новинари, аналитичари… партал го направија нивниот Папа, поранешен шеф Бранко. До степен да го обвинат за се што се случува во земјата, дури и за груевизмот, но никако за аболицијата на Заев и за заевизмот. Бранко за се е крив, но за Заев не е!
На тоа возвратија бранковите деца во СДСМ, со познатиот стил тик так, тик так… започнаа да му одбројуваат на Заев уште колку време има на чело на СДСМ, па што го чека понатаму, па како тоа Бранко не заборава… буквално СДСМ се претвори не во чорба, туку во кечап.
Само една благонадежна госпоѓа, вечната Рада Шеќеринска молчи! Таа од прво бранково чедо, стана мост за устоличување на Заев на тронот во СДСМ, без амин на Бранко секако, му заби нож во грб на Папата, заврши што требаше да заврши овие години, а сега повторно менува дрес и му подготвува на Заев лизгав терен.
Сите луѓе на Рада, полни во себе викаат „таа го донесе, таа ќе го однесе“! Тука мислат на Заев, секако. Дали Рада ќе му пресуди на големиот лидер избран на внатрепартиски избори како (ј)едини кандидат? Дали Рада е повторно во тимот на Бранко?
Сите коментираат за последното „бранкојавление“, само Рада молчи! Дали мудро молчи или нема што да каже, ќе покаже времето!