РУСКАТА армија се распаѓа, бомбардери паѓаат

Свет

Руската армија буквално се распаѓа. Се помалку финансиски ресурси за одржување на огромните арсенали на техника и вооружување, придонесува за нивно нередовно одржување и сервисирање, па се почести се несреќите или тотална нефункционалност на цели единици во армијата.

Пред само неколку денови, по кој знае кој пат руски бомбардер Су-24 се урна во близина на градот Перм, објави прес-службата на Централниот воен округ. Пилотите се катапултираа.

„Пилотите се пронајдени, живи се, се пренесуваат во болница на преглед“, рекол информиран извор за Спутник.

Според прес – службата на Централниот воен округ, бомбрдерот бил испратен во фабриката за поправка на авиони за планирани поправки. Падна на 95 километри западно од Перм во шумско подрачје.

„Хеликоптерот на службата за пребарување и спасување беше испратен да ги евакуира пилотите од местото каде што слетаа. Авионот летал без оружје“, се наведува во соопштението.