ДOБPO УТPO од амaтepкaта со „Дебaта на конфyзиja“
Дебата на конфузија
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Вчерашниот “настап” на лидерите на најголемите политички партии требаше да биде политичка дебата. Тоа требаше да биде пред се, организирана и аргументирана дискусија за да може да се нарече дебата. Со оглед на тоа дека кај нив не постои доволно капацитет за организираност, а најмалку аргументираност, истите и овојпат ни се претставија со она најдобро што го можат – конфузност.
Тоа им е проверено и им успева, очигледно. Едниот со создавање на конфузност кај граѓаните успева да биде власт, а другиот лидер. Очигледно таа им е заедничката цел. И добро им оди! Вешто ги бришат границите меѓу лагата и реалноста за да ги збунат граѓаните до тој степен, што тие веќе не се способни да носат сопствени судови и да дејствуваат.
Оваа дебата има за цел да ни го опише и текот на кампањата која следува. Повторно ни припремиле кампања со која кај граѓаните ќе предизвикаат цинички релативизам, скептицизам, разочарување, и на крајот апатија. Намерата е граѓаните да се доведат во состојба на неможност и неверување дека можат нешто да променат. Тоа им функционира, проверено е и претходно. Тие нема да го променат односот кон граѓаните се додека им функционира.
Загрижува фактот што поништување на волјата на граѓаните до сега не придонесе растење на нивна недоверба кон овие политичари! Никако да си ја корегираат грешката од претходно и да прифатат да се променат! Додека ние не се промениме и не се обидеме да научиме нешто од претходните грешки, до тогаш ќе си живееме во конфузијата која ни ја чинат ваквите политичари.